Како да се справите кога имате премногу работа?

Како фул тајм фриленсери сигурно на моменти и периоди кога ви се случило да ви се натрупа премногу работа. Дали поради ваша вина прифаќајќи повеќе отколку што може реално да сработите или по вина на клиенти кои имаат стриктни рокови и премногу корекции сеедно. Како да постигнете на време, а сепак клиентот да е задоволне од финалниот производ. Ќе пробам накратко да ви помогнам со неколку совети да најдете одговори за насловот на денешниот пост.
Pocket - зачувајте и прочитајте подоцна

Многу често ни се случува да наидеме на добра статија, пост, интересен клип и сл. но заради други обврски да не можеме во истиот момент да ја прочитаме и целосно посветиме. Понекогаш тоа е на твитер, фејсбук, фид...понекогаш на мобилен, лаптоп...а сакаме да ги имаме сите на едно место, без да букмаркираме или си праќаме на имејл. Вакви апликации има неколку, но една што се двои и дефинитвно во моментот е најдобра е Pocket.
Нови креативни логоа

Одамна не сме имале пост во категоријата логоа, па за тоа денес решив да споделам дел од креативните логоа што се одвоија оваа година.
Хумористични принт реклами (мај)

На ред се нови принт реклами за овој месец. Овојпат темата е комедија :)
50 Ретро реклами

Понекогаш во недостиг на инспирација ги прегледуваме ретро рекламите, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век. Дури и денес голем дел од големите брендови го бираат овој ретро стил. На прв поглед се издвојува самиот лејаут, текстурата, комбинацијата на бои и користените фонтови. Погледнете 50 од најдобрите.
30 Креативни реклами (април)

Нови креативни реклами за овој месец, вкупно 30.
100 нови дизајни на визит карти

Еден фрагмент од графичкиот дизајн кој и покрај сите нови технологии не изумира така лесно, тоа се визит картите. На повеќе погледнете понови идеи и инспирација за визит карти, не 10 или 20 туку преку 100 :)
Ретро Советски Постери

Дел од препознатливите ретро постери на тогашниот Советски Сојуз, но со тематика „Освојување на вселената„ и трката што ја имале тогаш со Америка за тоа кој прв ќе ја освои месечината.
Совети за подобра имејл комуникација

Сите ние користиме различни начини за комуникација онлајн. Тука се месинџери, скајп, твитер, фејсбук... и нормално имејл комуникацијата која опстојува до ден денес, посебно за комуникација на повисоко ниво, или во нашиот случај со клиенти. Едноставно ниту еден бизнис денес не функционира без имејл, па така и фриленсирањето. Иако е најстара форма после појавувањето на интерентот сепак и денес луѓето често грешат, и пристапуваат или премногу сериозно, или ја сфаќаат како четот на фејсбук.
Клиентите, посебно ако се странски, за вас прво дознаваат и си прават слика преку имејл изразот. Со тоа ја градите вашата репутација како професионален фриленсер. Затоа е многу важно како ќе се поставите, нема строги правила, но еве неколку совети, иако повеќето ги знаете но никогаш не е на одмет да повториме. Во прилог 6 кратки совети за имејл етика.
Креативни принтови (март)

Неколку нови и свежи креативни идеа и принтови.
Со молив до уметнички дела

Сигурно како дизајнери си имате своја тетратка (или повеќе) каде си скечирате. Секоја идеја, концепт најдобро прво се развива со молив и хартија. Иако за многумина моливот како техника е едноличен, тоа не важи за примерите во овој пост. Нацртани до најситни детаљи, и перфектно сенчање. За најголем број од нив ќе се запрашате како е ова можно. Ниту еден од цртежите не е правен со дополнителни фотошоп или било какви ефекти, и сите се рачно изработени, без помош од машина, иако наликуваат на фотографии. Уживајте и споделете :)
Дизајн на инфографик

Инфографиците како техника се одамна во графичкиот дизајн, но најголема популарност и користење имаа во текот на минатата година. Кај нас срамежливо се појавуваат неколку обиди во последнава година, што секако е за пофалба, но сеуште како неистражена “техника“ се прават и доста грешки. Сметам дека експанзијата ќе продолжи и оваа година па затоа ќе се обидам колку можам да помогнам со мои совети.
Страница 1 од 23

























