Авг272012

15 нови и бесплатни фонтови

Unik-FromMars

Одамна не имало нови фонтови во категоријата Фонтови па затоа денес решив мал дел, поточно 15 прилично нови и уникатни фонтови да ги споделам со вас и нормално бесплатно да ги преземете и користите. Се потрудив да има најразлични видови со можност за поширока примена. Одлични се за наслови, типографски постери, брошури, списанија, логоа...

Ное222011

5 Ретро фонтови за логоа

pr
Ретро логоата се доста модерни периодов и ги има насекаде. Она по што се специфично освен самиот ретро стил се и користените фонтови. Токму затоа денес одбрав 5 од најдобрите и најнови ретро фонтови, бесплатни, а сепак одлични за секаков ретро дизајн, посебно за логоа.

 
Авг082011

5 најдобри веб страни за бесплатни фонтови

Pmovable
Многу често ми се случува да ме прашуваат дали преку твитер или имејл за некој фонт, каде може да се најде, дали е бесплатен и слободен за употреба. Затоа денес за вас ги одвоив 5-те најдобри места онлајн за бесплатни фонтови специјално за дизајнери. Кога велам за дизајнери, значи фонтовите се навистина квалитетни и уникатни. И што е најдобро, повеќето сосем бесплатни. Ова ми се омилените 5 веб страници за фонтови.

 
Јун242011

10 уникатни дизајнерски фонтови

p
Од фонтови никогаш доста. Реченица која често се слуша меѓу дизајнерите. Изборот на фонт за било каков дизајн може да биде пресуден во сите дизајни, посебно во типографските. Секогаш во такви моменти ни фалат фонтови, сакаме комбинација меѓу 3-4 фонта и затоа често и сами правиме карактери по наша желба и потреба. Затоа денес има 10 уникатни фонтови за збогатување на вашата и така голема колекција верувам. Уникатноста лежи и во тоа што фонтовите се професионално изработени и некои од нив се одлична замена за веќе постоечки познати фонтови кои се плаќаат.

 
Мар222011

ТипограФонтови

PRVAxlord3.png.pagespeed.ic.fEPMp4r_28
Најпрвин да направиме една битна разлика за сите што до сега се бунеле со термините типографија и фонт. Наједноставно кажано, фонтот е дизајн на букви и карактери, додека типографијата е умешност креативно да се изменат тој фонт односно одредени карактери и глифови. Графичарите не ретко успеваат да пронајдат карактер на интересни места. Значи не само менување на распоред, големина, дебелина, кернинг...туку целосно нов концепт на дизајн, типографски дизајн. Едно е да дизајнираш фонт, а сосем друго типографија. Така на пример, типографија може да креира и цртач на графити или стрип цртач, но за да дизајнираш фонт од нула е сосем друго. Токму такви бест оф уникатни типографски ремек дела следуваат.

 

Страница 3 од 5

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons