Мар182011

10 бесплатни фонта со поддршка што секој дизајнер треба да ги има

PRVAfont-dezen-nalovna-2
Ова е прва гостинска статија на дезен.мк . Во прилог се 10 одлични фонтови што секој дизајнер би требало да ги има, уште повеќе секој македонски дизајнер бидејќи фонтовите се со македонска поддршка. Целосната адаптација и обработка на фонтовите е направена од Небојша Гелевски - Бане, графичкки дизајнер и фонт манијак. Значи сите заслуги се негови, а вие кажете фала со тоа што ќе почнете да го следите на твитер, бидејќи секогаш има нешто интересно да сподели, посебно од областа на типографијата и фонтовите. Навистина се разноврсни и се надевам ќе ви помогнат во вашите дизајни. За симнување само клик на сликата.

Мар152011

Запознајте се со Gill Sans

PRVAgill-condensed__full

Нарекуван „Англиска Хелветика“ е првиот сан-серифен фонт со кој ќе започнам еден серијал на ДЕЗЕН со запознавање со најпознатите и најкористените фонтови на денешницата.

 
Фев032011

Калиграфија + Графити = Калиграфити

PRVA11
Пол Ренд рекол „Дизајнот е лесен, затоа е толку е сложен“. Уметноста е толку едноставна, што всушност ја прави сложена. Понекогаш гранките на уметноста сраснуваат заедно и се добива еден оригинален и уникатен спој. Деновиве многу популарен примерок за тоа е Калиграфитите. Добиена како комбинација на калиграфијата + графититите. Калиграфија е вековна традиција на пишување во Јапонската и Арапската култура. Уметноста која денес е застапена како типографија во графичкиот дизајн. Од друга страна графитите се модерна, урбана форма на уметност. Овој концепт е развиен од Нилс Мулман а.к.а Shoe . Навистина не е лесно нешто конвенционално со одредени правила и традиција да се измеша со „грубите“ ефекти на графитите. За прв пат јавно се прикажува на изложба во Амстердам во 2007-мата година. Погледнете на повеќе како изгледа сето ова.

 
Ное232010

10 Дизајнерски фонтови со поддршка

prva_free_font
Фонтовите се многу важен дел од секој дизајн. Без добра и соодветна креативна типографија секој дизајн губи многу. Хендикеп е што повеќето добри фонтови не нудат кирилична поддршка, а и тие што ги има се недоволни. И денес има луѓе што користат фонтови без поддршка и со тоа уште повеќе се прави хаос, наместо да се стандардизира. Еден таков обид се обиде да направи Министерството за Информатичко Општество со фонтот Skola, но и понатаму има луѓе, па и дизајнери што користат застарени фонтови со префиксот Mac, Macedonian и сл. Затоа како мој придонес кон ова се денешниве 10 одлични фонтови со кирилична поддршка, сосем бесплатно.

 
Јул122010

Најкористени фонтови во графичкиот дизајн

font_prva
Што прво помислувате кога ќе ви кажам Кока Кола или Федекс? Освен нивните услуги и производи прво на што ќе се сетите се нивните логоа. И двете горе наведени земени како пример имаат одлично дизајнирани логоа, и затоа скоро и да не постои човек на планетава кој не го знае логоата, посебно она на Кока Кола.
Друго заедничко е што и двете имаат типографски логоа, значи фонтот игра главна улога. Сигурно сте забележале дека голем број познати компании користат слични или исти фонтови за логоа. Тоа е затоа што има десетина фонтови кои се најчесто користени во графичкиот дизајн и се омилени на повеќе дизајнери. Тие се и највлијателни а со тоа и најквалитетни. Подолу направив листа на 10 фонта кои се најпопуларни меѓу графичките дизајнери.

 

Страница 4 од 5

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons