Ное232010

10 Дизајнерски фонтови со поддршка

prva_free_font
Фонтовите се многу важен дел од секој дизајн. Без добра и соодветна креативна типографија секој дизајн губи многу. Хендикеп е што повеќето добри фонтови не нудат кирилична поддршка, а и тие што ги има се недоволни. И денес има луѓе што користат фонтови без поддршка и со тоа уште повеќе се прави хаос, наместо да се стандардизира. Еден таков обид се обиде да направи Министерството за Информатичко Општество со фонтот Skola, но и понатаму има луѓе, па и дизајнери што користат застарени фонтови со префиксот Mac, Macedonian и сл. Затоа како мој придонес кон ова се денешниве 10 одлични фонтови со кирилична поддршка, сосем бесплатно.

Јул122010

Најкористени фонтови во графичкиот дизајн

font_prva
Што прво помислувате кога ќе ви кажам Кока Кола или Федекс? Освен нивните услуги и производи прво на што ќе се сетите се нивните логоа. И двете горе наведени земени како пример имаат одлично дизајнирани логоа, и затоа скоро и да не постои човек на планетава кој не го знае логоата, посебно она на Кока Кола.
Друго заедничко е што и двете имаат типографски логоа, значи фонтот игра главна улога. Сигурно сте забележале дека голем број познати компании користат слични или исти фонтови за логоа. Тоа е затоа што има десетина фонтови кои се најчесто користени во графичкиот дизајн и се омилени на повеќе дизајнери. Тие се и највлијателни а со тоа и најквалитетни. Подолу направив листа на 10 фонта кои се најпопуларни меѓу графичките дизајнери.

 
Јул102010

100 Филмски Фонта - FREE

movie_fonts
Најчесто секој филмски хит си има и свој уникатен фонт по кој е препознатлив. Во голема мера зависи и целокупната маркетинг кампања од дизајнот на филмскиот постер. Сигурно имате свој фаворит и сте посакале да го имате во вашата колекција како инспирација за наредните проекти. Денес за вас имам не 1, не 10 туку 100 Најпознати филмски фонтови. Преземете, кажете фала и споделете со пријателите Wink

 
Јул042010

Фонтот од Светското - free download

saf_prva-01
Логото на Светското фудбалско првенство во Јужна Африка си има свој уникатен фонт. Лесно препознатлив и го има на буквално се што е поврзано со самото првенство. Моќен, свеж, пријателски и лесен за читање. Оригиналниот фонт се вика Menyaka и е дизајниран од Жан Ерасмус специјално ангажиран од ФИФА. Поддржува над 20 јазици но ниту еден кириличен. Како и да сигурен сум дека добро ќе ви дојде и ќе го користите и понатаму. Не заборавајте да споделите

 

Страница 5 од 5

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons