Јул302014

Нова колекција од фонтови

cover july
Како што ветив, така и продолжуваме. Новата колекција од 10 тазе фонтови со македонска поддршка е спремна за преземање. 10 интересни и разновидни фонтови за кои сум сигурен ќе си најдете свој омилен. Уште еднаш благодарност до сите оние кои ја помагаат оваа серија и фановите на dezen.mk Слободни за преземање и користење за сите ваши идни проекти.

Јул102014

10 нови фонтови со поддршка кои мора да ги имате

cover
Бидејќи се повеќе луѓе прашуваат кога ќе има нова тура на македонски фонтови, решив да ја објавам листата малку порано, се надевам на задоволство на сите, посебно на дизајнерите бидејќи ќе имаат избор плус при бирањето соодветен фонт. Благодарност до сите кои ја сакаат кирилицата и помагаат. И се разбира оваа практика ќе продолжи и после летните одмори. Како и до сега, сите се со македонски кирилична поддршка и бесплатни за користење.

 
Мај292014

10 Најнови фонтови со македонска поддршка

covers
Како што ветив ја продолжуваме серијата на бесплатни фонтови со македонска поддршка. И овојпат 10 нови, навистина профи и уникатни фонтови кои сигурно ќе ви ја освежат колекцијата на фонтови со поддршка и ќе ви се најдат во вашите дизајни.

 
Апр272014

15 нови фонтови со мк поддршка

cover
Фонт секцијата и натаму е најпосетувана и најмногу барања добивам баш за нови фонтови кои се бесплатни и со македонска поддршка. Токму затоа и сега направив селекција на 15 фонтови кои освен се тоа се навистина професионално изработени и сигурно ќе ви се најдат во најразлични ситуации и дизајни. Слободно споделувајте и пофалете ако ги искористите во ваши проекти.

 
Мар152014

10 профи фонтови со македонска поддршка

fonts-cover
Секој дизајнер добро знае колку и да има огромен број на фонтови понекогаш е недоволно и го нема токму она што ни треба. Ова посебно важи за фонтови со кирилична, односно македонска поддршка. Одличните фонтови на Типокујна се вистинско освежување и со овие дополнителни 10 сигурно ќе ја збогатите вашата колекција. Сите 10 се бесплатни и можете слободно да ги користите. Се надевам дека ќе ви се најдат за вашите идни дизајни.

 

Страница 2 од 5

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons