Јул122010

font_prva
Што прво помислувате кога ќе ви кажам Кока Кола или Федекс? Освен нивните услуги и производи прво на што ќе се сетите се нивните логоа. И двете горе наведени земени како пример имаат одлично дизајнирани логоа, и затоа скоро и да не постои човек на планетава кој не го знае логоата, посебно она на Кока Кола.
Друго заедничко е што и двете имаат типографски логоа, значи фонтот игра главна улога. Сигурно сте забележале дека голем број познати компании користат слични или исти фонтови за логоа. Тоа е затоа што има десетина фонтови кои се најчесто користени во графичкиот дизајн и се омилени на повеќе дизајнери. Тие се и највлијателни а со тоа и најквалитетни. Подолу направив листа на 10 фонта кои се најпопуларни меѓу графичките дизајнери.

 

1. Helvetica
Без сомнение најкористениот и најомилениот фонт меѓу дизајнерите до денес. Овој санс серифен фонт е дизајниран од Макс Мајдингер и Едуард Хофман. Хелветиката ја има на речиси сите светски јазици, од грчкин хинду до јапонски. Дел од најголемите светски компании ја користат хелветика како дел од нивните логоа и и маркетинг кампања. Ќе напоменеме само неколку како AT&T, Microsoft, Toyota и многу други

2futura

2. Futura
Футура е уште еден санс серифен фонт кој на големо се користи во графичкиот дизајн. Посебно за истакнување на наслови, слогани и слично бидејќи е дизајниран исклучиво од правилни геометриски форми. За прв пат се појавил во 1927. Има повеќе верзии на истиот од кои најпознати се Futura Black, Futura Display, Futura Condensed и др.

3garamond

3. Garamond
Гарамонд е многу стар фонт. Се верува дека првичната верзија била направена од францускиот крал Францис I во 1540. Од тогаш претпрел многу измени и има варијации, но серифите останале. Денес помодерна верзија и распостранета е Adobe Garamond. Се користи во весници, списанија, а и во книгите на Хари Потер е дифолтен фонт.

7myriad

4. Myriad
Специјално дизајниран фонт за Адобе во деведесетите години на минатиот век од Керол Томбли и Роберт Слимбах. Значи го има на сите пакувања и на сите производи на Адобе, на нивни реклами, официјални документи...значи нешто како корпоративен фонт. Има доста варијации.

15gillsans

5. Gill Sans
Прв пат се појавува во Англија во 1928. Драфтот е дизајниран и поставен од Даглас Клевердон а подоцна финиширан од Ерик Џил. Широко распостранет фонт, во некои земји официјален фонт на знаците во метроата и регистарските таблички поради неговата одлична читливост.

18ffdin

6. DIN
DIN е скратеница од Deutsches Institut fur Normung (Германски Институт за Стандардизација). Современ и модерен фонт. Многу компании го користат во својот корпоративен идентитет како адидас на пример.

13franklingothic

7. Franklin Gothic
Сан серифен фонт дизајниран од Морис ФУлер Бентон. Моќен, дебел, доминантен. Токму поради тоа најмногу се користи во реклами, постери, билборди и друг вид на медиуми.

6trajan

8. Trajan
Доста влијателен серифен фонт. Дизајнот е инспириран од гравурите кој биле на Трајан (споменик во Рим) и по тоа го добил и името во 1989 година. Најчесто може да се забележи на филмски постери, како Титаник на пример.

5frutiger

9. Frutiger
Прв пат се појавил на меѓународниот аеродром во Париз како основна форма за патоказите и знаците. Дизајниран од Адријан Фрутигер и до ден денешен широко распостранет. Во последно време и во веб дизајнот, посебно за големи наслови или слогани. Има и своја серифна форма и други варијации од истиот.

16univers

10. Univers
Univers е исто така дизајниран од Адријан Фрутигер и има доста сличности со прво споменатиот Хелветика. Првата замисла била фонт кој ќе може лесно да се чита и од многу далеку. Затоа споредбено со други има по малку поиздолжена форма, барем на прв поглед одблиску. Може да се види на аеродромот во Франкфурт,  Deutshce Bank и Swiss International Air Lines. 

 

Што прво помислувате кога ќе ви кажам Кока Кола или ФедЕкс? Освен

нивните услуги и производи прво на што ќе се сетите се нивните логоа. И

двете горе наведени земени како пример имаат одлично дизајнирани

логоа, и затоа скоро и да не постои човек на планетава кој не го знае

логоата, посебно она на Кока Кола.
Друго заедничко е што и двете имаат типографски логоа, значи фонтот

игра главна улога. Сигурно сте забележале дека голем број познати

компании користат слични или исти фонтови за логоа. Тоа е затоа што има

десетина фонтови кои се најчесто користени во графичкиот дизајн и се

омилени на повеќе дизајнери. Тие се и највлијателни а со тоа и

најквалитетни. Подолу направив листа на 10 фонта кои се најпопуларни

меѓу графичките дизајнери.
коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons