Ное232010

prva_free_font
Фонтовите се многу важен дел од секој дизајн. Без добра и соодветна креативна типографија секој дизајн губи многу. Хендикеп е што повеќето добри фонтови не нудат кирилична поддршка, а и тие што ги има се недоволни. И денес има луѓе што користат фонтови без поддршка и со тоа уште повеќе се прави хаос, наместо да се стандардизира. Еден таков обид се обиде да направи Министерството за Информатичко Општество со фонтот Skola, но и понатаму има луѓе, па и дизајнери што користат застарени фонтови со префиксот Mac, Macedonian и сл. Затоа како мој придонес кон ова се денешниве 10 одлични фонтови со кирилична поддршка, сосем бесплатно.

ticker
Тенок, модерен, со остри агли, полукружни и кружни елементи. Одличен за наслови, поднаслови, слогани и сл.

phossa
Нетипичен и нестандарден фонт исклучиво за специјални намени. Сите букви се неправилни, по големина, форма и стил. Сигурен сум дека ќе ви се најде за флаери, постери и слични принтани материјали.

philo
Уште еден одличен фонт со кирилична поддршка. Стилски, софистициран, со убаво движење на линијата. Полу серифен заради фините завршетоци.

october
Остар, моќен и строг. Фонт кој наликува кај старите руски пропаганди и постери во времето на комунизмот. Одличен за промо материјали и лесно едитабилен.

lux
Нетипичен и невообичаен фонт. Со неправилни црти и прекинати линии на некои карактери. Има полу-штембил ефект и со менување на некои букви може да се креира типографско лого.

gputeks
Освен регуларен има и здебелен фонт. Нежен, како пишуван со перце и неправилна дебелина на линијата. Одличен за футуристички дизајни.

euro
Фонт со дури 5 различни во својата фамилија. Јасен и читлив, со полукружни и кружни форми. Одличен за логоа, а и за на веб.

dan
Дизајниран фонт кој секој дизајнер треба да го има. Болдиран до максимум за појак ефект. Затоа е одличен за билборди и поголеми постери, впечатлив и од многу далеку.

comfort
Сличен на Eurofurence, со тоа што е посплеснат. Има три подкатегории, тенок, стандарден и болд.

adec
Фонт кој можеби порано беше позастапен. Исцртан со двојни линии, со остри агли. Сличен на архитектонските фонтови кои изгледаат како дел од скици или мапи.

prezemi_dezen_font

БОНУС

dan_dezen_font

Фонтот DAN векторски. Латиница и кирилична верзија. Клик на сликата за преземање.

коментари (4)add comment

dasaf said:

0
...
И овој е добар: http://www.dafont.com/days.font
ноември 23, 2010

janev said:

0
...
@dasaf а да го знам, а еве сум го заборавил, у наредна тура ќе го ставам а и некои нови
ноември 23, 2010

tace73 said:

0
...
Што софтвер би препорачале за изработка на фонтови, има ли некои бесплатни?
П.С. Фала за овие!
декември 18, 2010

Georgij said:

0
...
Commercial use - free така? #dezenmk
март 29, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons