Мар152011

PRVAgill-condensed__full

Нарекуван „Англиска Хелветика“ е првиот сан-серифен фонт со кој ќе започнам еден серијал на ДЕЗЕН со запознавање со најпознатите и најкористените фонтови на денешницата.

Коренот и целата историјата за овој фонт започнува со Џонстон санс фонтот, креиран од Едвард Џонстон, специјално наменет за метрото во Лондон во 1913. Ерик Џил креаторот на Џил Санс, учел заедно со Џонстон и кој му помагал околу некои типографии. Ерик не бил целосно задоволен од тоа како изгледал Џонстоновиот фонт, посебно од одредени карактери, сакал да го усоврши, да направи фонт кој нема да има ниту една грешка или неправилна форма.

johnston

Првите подобрувања и драфтови се појавиле во 1926-та, и тоа само големите букви. Веднаш бил контактиран од Стенли Морисон, советник во Monotype за да направи целосна фамилија од фонтот, најмногу поради фактот што во тоа време се појавил Футура во Германија и веќе бил доста популарен. Веќе во 1928-мата фонтот официјално излегува преку Monotype под името Gill Sans.

Ерик Џил роден 1882, и пред се познат скулптор и уметник, сега станува и познат дизајнер на фонтови. Освен Џил Санс, тој е креаторот и на Perpetua и Joanna фонтовите, именувани по неговите ќерки.

eric-gill

Во 1929, Џил Санс е прифатен од Британските Железници во тоа време или LNER (London and North Eastern Railway) како стандарден фонт и се појавува и на написите на возовите и на возните редови.
Во 1935-та и познатата британска издавачка куќа Penguin го користи за насловите на своите изданија. Со ова фонтот се шири и низ целиот свет.

nameplate-penguin

Се повеќе комапнии го бираат токму фонтот на Џил за нивни корпоративен фонт и имале барања за потенки и подебели варијатни на истиот. Така, Џил и неговите помошници ја прошируваат фамилијата на фонтот со уште 36 деривации, oд Light до Ultra Bold.

samples

Фонтот е базиран на класични пропорции што му дава поприроден изглед, а не стриктен и механички во геометријата. Има нешто човечко во него, изгледа како фонт со маани, но сепак пријатен за око. На почеток најчесто се користи за наслови и поднаслови, но понатаму со потенките верзии и цели книги се принтани целосно со Gill Sans.

gill-usage

Денес фонтот е доста застапен и распостранет низ целиот свет во скоро сите индустрии. Многу познати брендови го имаат за свој фонт дури и за нивни логоа.

коментари (10)add comment

Dushan said:

0
...
Браво, убав пост! smilies/smiley.gif
март 15, 2011

janev said:

0
...
фала, Душан, ќе има во иднина слични постови, и плус и за фонтови креирани во Македонија smilies/smiley.gif
март 15, 2011

Georgij said:

0
...
Значит, за целовкупната оригиналност/креативност на блогот/блоггерот давам 10ка. И имам едно прашање. Дали овој фонт е бесплатен или мораат да се платат авторски права за да се користи (commercial use) ? smilies/wink.gifsmilies/smiley.gif
март 15, 2011

janev said:

0
...
@Georgji
fala, navistina cenam smilies/smiley.gif
inaku fontot ne e besplaten, ovoj e vo top 10 listata na najpoznati fontovi denes i sekoja varijanta se plakja http://www.faces.co.uk/fonts/f...ubmit=FIND
samo kaj besplatnite naglasuvam deka se sosem besplatni, i se trudam da imaat mk poddrshka, kaj ostanatite se podrazbira, iako ne bi bilo losho da naveduvam deka e commercial smilies/smiley.gif
inaku naskoro ke ima eden odlichen paket so dosega neobjaveni fontovi samo za dizajneri so mk poddrshka.
prodolzhi i ponatamu da chitash dezen.mk smilies/wink.gif
март 15, 2011

Georgij said:

0
...
е фала фала, го читам блогов интересен е. прв во Македонија за вакви работи. размислувај и за форум, би било добро smilies/wink.gif
март 16, 2011

Dushan said:

0
...
Od Makedonija znam samo eden dobar dizajner na fontovi a toa e Lasko od Totem http://0.mk/645f .
Drugive samo mislat deka znaat da pravat fontovi. smilies/cheesy.gif
март 16, 2011

janev said:

0
...
да имам слушнато за тотем, дури мислам дека и последниот Skola e од нив правен http://mio.gov.mk/?q=node/2241
март 16, 2011

Georgij said:

0
...
малку офтопик коментар на темава, но примете го како предлог. да направите по некоја листа на ресурси за правење на слики (било какви). Би било добро ако ставите нешто за ГИМП. ако треба помош викај smilies/grin.gif smilies/smiley.gif
март 16, 2011

Владимир said:

0
...
Фактот дека нема баш добри дизајнери на фонтови кај нас, е зашто нема многу леб во тоа, со оглед што се може да се најде. Нема маж што би платил целосен проект smilies/grin.gifsmilies/grin.gif
април 04, 2011

janev said:

0
...
@Georgij баш добро што спомна ГИМП, иако Фотошоп е најмногу застапен во последно време гледам дека барем оние што не сакаат да имаат проблем со лиценци одбираат бесплатни и open source програми. ќе има некое пакетче од ресурси за ГИМП само за дизајнери сигурно smilies/smiley.gif
април 04, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons