Авг082011

Pmovable
Многу често ми се случува да ме прашуваат дали преку твитер или имејл за некој фонт, каде може да се најде, дали е бесплатен и слободен за употреба. Затоа денес за вас ги одвоив 5-те најдобри места онлајн за бесплатни фонтови специјално за дизајнери. Кога велам за дизајнери, значи фонтовите се навистина квалитетни и уникатни. И што е најдобро, повеќето сосем бесплатни. Ова ми се омилените 5 веб страници за фонтови.

1. The League of Movable Type

movable

Оваа веб страница се прослави со League Gothic фонтот, којшто до денес е доста популарен. Располагаат со околу 15 -тина фонтови, кои и покрај тоа што се бесплатни се навистина професионално изработени. За најнови информации кога се објавуваат нови фонтови следете ги на твитер.

2. Lost Type

lost

Веб страна произлезена од соработката меѓу Tyler Galpin и Riley Cran. Имаат преку 20 уникатни фонтови и интересно е тоа што нивниот модел функционира така што вие плаќате за фонтот онолку колку што мислите дека вреди.

3. Font Squirrel

squirrel

Веб страна со база од најмногу бесплатни фонтови, преку 600. Одлични ресурси за секој дизајнер и мора да ја имате во букмаркс.

4. Impallari

imp

На располагање за почеток имате само неколку фонтови, меѓу кои и мега популарниот Lobster кој првично започна од овде.

5. Font Fabric

fabric

Како и самото име што кажува, дефинитвно фабрика за дизајнерски фонтови. Уникатни во секој поглед и за секоја намена во вашиот дизајн, посебно ако барате нешто ново и невидено. Бесплатните фонтови се означени и засега се 20-тина во листата.

 

Се надевам дека со ова ви помогнав при вашето барање на соодветни фонтови за вашите дизајни. Како и да е, слободно проширете ја низата преку коментари.

коментари (2)add comment

NERD. said:

0
...
6. dafont.com smilies/smiley.gif
август 12, 2011

dani said:

0
...
@NERD
dafont e одлична, но ја користам само кога ми треба некој стриктно наменски фонт, пример истиот од Индијана Џонс или друг филм. Останатите не се баш профи направени и фалат доста карактери и глифови.
август 12, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons