Окт012010

Концертни фотографии

PRVAUnderoath
Да се фотографираат концерти и музички фестивали од големи размери е предизвик за секој фотограф. Бидејќи тука е најбитен моментот, право светло, публика, изведувачи, атмосфера...сето тоа треба да се долови. Посебно свирките по андерграунд клубови каде светлото е многу слабо и пригушено, плус ако дополнително има дим ефекти и сл. Затоа обично имаат еден куп фотографии за на крај ги изберат само неколку најдобри. AC/DC, Deftones, Hives, Mastodon, Muse, Prodigy, Radiohead, Rammstein, Slayer, The Flaming Lips...се само дел од групите. Погледнете дел од најдобрите концертни фотографии и изведувачите.

Сеп212010

Совети при купување дигитален фотоапарат

preview
Дигиталните камери денес се секојдневие, за разлика од порано кога цените не одговараа на секого, сега имаме ситуација да имаме не само една дигитална камера туку и да си дозволиме релативно често да ги менуваме. Толку компактни што ги носиме насекаде со нас, за секој интересен момент да се оживее. Наместо да носиме филм на развивање како порано сега веднаш ги споделуваме на интернет.
Многу често луѓето пред да купат дигитален фотоапарат не знаат точно што бараат и се збунети од сите тие спецификации кои може никогаш и нема да ги користат.
Баш затоа ќе споделам неколку почетнички совети пти изборот на вашиот можеби прв фотоапарат.

 
Сеп022010

Од поинаква перспектива

PRVAbeofpp-40
Една од најчестите слики од Пиза кои сте ги виделе се сигурно оние каде ја „потпираме„ со раце да не падне. Токму за таквите фотографии е следниот пост. Наместена перспектива во фотографирањето е техника на оптичка илузија со чија помош објектот или објектите излгедаат поблиску или подалеку, со тоа правејќи ги помали или поголеми. Иако однапред се спрема, значи ништо случајно сепак ефектите се интересни, дури понекогаш може да се запрашаме како ли воопшто го доловиле вака. Манипулира со човековата визуална перцепција со употреба на скалирани објекти во сооднос меѓу нив и гледачот или камерата.
Инспирација за вакви фотографии може да се најдат буквално насекаде. Од познати споменици и архитектонски зданија до наједноставна игра со светлина. За ова не ви се потребни посебни познавања ниту пак скапа опрема, се зависи од околината, идејата и тајмингот. На повеќе е голема галерија од над 60 најдобри вакви фотографии сликани од професионалци и аматери.

 
Авг232010

Моќта на портретот

photographic-portriats-2010-aug-51PRVA
Фотографски портрет е фотографија на личност или мала група на луѓе (групен портрет) во која лицето и експресиите на лицето се доминанти. Целта е да се долови експресијата на лицето, гримасите, чувствата...обично со поглед кон камерата. За разлика од другите стилови, портретите обично не се со модели туку со „секојдневни“ лица. Како техника е една од најпознатите бидејќи ако правилно доловена може да побуди моќни чувства кај гледачот. Најчесто се фотографираат деца или постари лица. На повеќе дел од најнеобичните извонредни портрети, а веќе во наредниот пост за фотографија неколку совети за фотографирање на портрети.

 
Авг232010

Брилијантни фотографии

PRVA8987
Зборот фотографија произлегува од грчките зборови φως/фос ("светлина") и γραφις/графис ("четка") или γραφη/графи, кои означуваат заедно "цртање со светлина". За да биде една фотографија успешна и добро доловена важни се неколку правила и фактори, иако многумина познати фотографи не се согласуваат и како битен елемент го признаваат само моментот. Бидејќи во денот прегледувам по најмалку 100 тина фотографии низ интернетот, решив да споделам неколку со вас, оние што барем од почетокот ја обележаа оваа година.

 

Страница 3 од 5

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons