Песочен Залив во Сингапур
Песочниот Залив е моментално најспектакуларниот хотел во Сингапур. Дизајнот е на архитектот Сафди кој располагал со неверојатен буџет од 5.7 милијарди долари. Се во овој хотел е со придавка во суперлатив. Почнувајќи од екстериерот така и ентериерот. Можеби еден од ретките хотели каде не би сакале да спиете, бидејќи има толку многу да се види, казина, музеи, кина, театри, шопинг центри, забавни паркови...и најдоброто од се, аква парк и базени на врвот од самиот хотел. Колку и да зборувам е џабе, мора да погледнете.
Хумористични фотографии
Денес ќе погледнеме еден друг аспект на фотографирањето. Тука нема сериозни тематики и сценографии, природа, фотошоп ефекти, туку едноставно е доловен моментот. Некои од нив се претходно подготвувани, но ништо големо. Како и да е, сигурен сум дека ќе ве остават со насмевка на лицето
Антигравитациски фотографии
Доколку аматерски се занимавате со фотографирање, сигурно досега ви се има случено „не сакајќи“ да сликнете во вистинскиот момент и фотографијата да изгледа како фотошопирана само затоа што ги руши законите на гравитацијата. За да ви стане појасно погледнете ја галеријата на повеќе. Познати фотографи со најразлични техники, но не и Фотошоп или слични програми и успеваат да направат фотографии на кои ќе се запрашате како ли е ова вака фатено. Уживајте и споделете
Секојдневни „лица“
Три точки на секој агол од триаголник и имате лице, две точки и една полукрива линија и имате лице што се смее, три точки, и три линии и имате лице кое е натажено... Ете толку е потребно да ги видите лицата низ секојдневните објекти и предмети. За што мислам кликнете на повеќе и уживајте во одлично доловените „лица“ насекаде околу нас.
Возбудливи островски фотографии
Се наоѓаме пред почеток на сезона на летни одмори. Сонце, плажи, море...острови. Отсекогаш летување на мал и ексклузивен остров или низа од нив е желба за многумина. Во прилог направив селекција на одлични фотографии, повеќето од птичја перспектива, на најегзотичните острови што постојат на планетава. Уживајте, сонувајте и споеделете :)
Страница 4 од 5