Јун162010

Неверојатни подводни фотографии

underwater_prva
Океанот како и вселената сеуште останува едно од најмистериозните и неоткриени до крај места на планетата Земја. Во длабочините се кријат многу убавини, од корали, гребени, неверојатни бои, уште поневеројатни подводни суштества и растенија... За да ги видиме сите овие убавини, познатите фотографи се почесто ги одбираат морските и океански длабочини за инспирација. Ако се слика во плитки базени и слично доволно е само посебна фотографска водоотпорна опрема, а доколку одите подалбоко треба и посебна опрема за нуркање и минимум од тројца луѓе во екипа. За вас подготвив 30 неверојатни подводни фотографии

Јун062010

Експресивни црно-бели фотографии

foto_prva
Црно-белите фотографии отсекогаш биле предизвик за секој фотограф, посебно за професионалните. Иако без колорит овие фотографии будат емоции на носталгија, на моменти од минатото...и многу често имаат поголема моќ од оние во боја. За да се биде успешна пред се мора да се внимава на светлината, контрастот, сивите тонови...уште повеќе ако се слика портрет мора да се внимава на експресиите на лицето. Следува селекција од 30 моќни црно бели фотографии.

 
Јун052010

Женски портрети - Метин Демиралај

prva_female
Метин Демиралај или scarabuss како што е познат на deviantART e еден од најпознатите турски фотографи. Посебно е познат по неговите портрети во природа кои со специјалните ефекти изгледаат феноменално. Тука се одвоени само 20 фотографии од неговата голема галерија која има преку половина милион посети на deviantART или може да се приклучите на неговата група на фејсбук.

 

Страница 5 од 5

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons