Јан152011

Фотографиите на Андреа Ретинши

PRVADont-tell-me-winter-lies

Андреа Ретинши е фриленс фотограф од Букурешт, Романија. Нејзините фотографии се живи, колоритни, интензивни и најважно од се имаат карактер, а не само модел за фотографирање. Погледнете повеќе од нејзиното портфолио на ДевиантАРТ каде има преку 1 милион прегледи или на Фејсбук.

Ное252010

Улични фотографии

PRVAKid_Rock_by_Agonche
Понекогаш за да направиме добра фотографија не се потребни никакви претходни подготовки. Доволен е вистинскиот момент. Спонтаното шкрап може да вроди со извонредна фотографија со цела приказна позади себе. Ваквите фотографии се обично на отворено, шетајќи по улица, затоа и се улични фотографии. Од секојдневни ситуации, објекти, деца, стари луѓе итн. Во продолжение се дел од најдобрите улични фотографии.

 
Ное012010

Сексуални бои

PRVAdede
Младиот фотограф Габриел Викболд (25) од Сао Паоло, Бразил со својата колекција „Сексуални бои“ го привлече вниманието на светската фотогравска јавност и се очекува до крајот на годинава да има изложба и во Њујорк. Негово „платно“ е човековата кожа. Тој вели дека бојата колку што покрива толку на телото и открива. За да го постигне ефектот тој ги фотографира најпознатите светски модели, некои од нив прв пат се разголуваат и нивните тела ги покрива со бои, чоколада, синтетички влакна, песок, шминка...се со цел да го истакне еротицизмот низ нови правци и експерименти. Погледнете и споделете

 
Окт292010

Фотографии на смешни фацки

PRVA041-funny-faces
Општо познат факт е дека насмевката и смеењето ги прави луѓето поискрени, попријатни, но и ги прави посреќни и позадоволни со тоа што се лачи ендорфин, познат како хормон на среќата. Освен што за вас одбрав лица што барем малку ќе ве насмеат, тоа се и одлични фотографии. Ваквиот тип на фотографии се предизвик за секој фотограф. Мораат да го доловат тој миг на среќа кој зрачи преку лицето, но и најбитно, се гледа во очите. Затоа смејте се почесто Laughing

 
Окт072010

Дождливи фотографии

PRVA2331
Временските (не)прилики се многу битен дел на секоја фотографија, посебно за панорамските, пејзажи, екстериери, небо, облаци и сл. Да се фотографира на лошо време (снег, дожд, ветар) не е воопшто лесно, и затоа секогаш повеќе има сончеви и фотографии со мирно време отколку со бури на пример. Можеби најдоброто сценарио од природата при лошо време е дожд. Какво што е моментално и кај нас и насекаде каде што е есен на планетава. Природата за време и после дожд може да понуди прекрасни моменти. Но, треба многу повеќе од фокус на капка дожд за добра фотографија. На повеќе погледнете дел од најдобрите дождливи фотографии.

 

Страница 2 од 5

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons