Сеп212010

preview
Дигиталните камери денес се секојдневие, за разлика од порано кога цените не одговараа на секого, сега имаме ситуација да имаме не само една дигитална камера туку и да си дозволиме релативно често да ги менуваме. Толку компактни што ги носиме насекаде со нас, за секој интересен момент да се оживее. Наместо да носиме филм на развивање како порано сега веднаш ги споделуваме на интернет.
Многу често луѓето пред да купат дигитален фотоапарат не знаат точно што бараат и се збунети од сите тие спецификации кои може никогаш и нема да ги користат.
Баш затоа ќе споделам неколку почетнички совети пти изборот на вашиот можеби прв фотоапарат.

СЕНЗОР

Главниот и најважен дел на секоја камера. Тоа е како срцето кај човекот, без тоа не функционира. Е сега дигитална се вика бидејќи има сензор осетлив на светлина. Порано тоа беше самиот филм осетлив на светлина. Со изложување на светлина се формираше фотографија. И нормално се користеше само еднаш. Можеби на оние од помладата генерација им е малку чудно, меѓутоа да, постоеше нешто и пред дигиталците.
Дигиталната ера ги замени филмовите со сензори, со една голема предност што може да се користат бесконечно многу пати.
ЗАКЛУЧОК Кога купувате распрашајте се прво каков е сензорот.

camera-sensor

ОПТИЧКИОТ ЗУМ СЕ ВАЖИ, А НЕ ДИГИТАЛНИОТ

Исто така тема која збунува многу. Колку пати е оптичкиот зум, колку дигиталниот, кога се заедно, кој е подобар..и други слични прашања.
Да разјасниме, оптичкиот зум е всушност вистинскиот зум. Кога користиме оптички зум моторчињата во леќата се движат и ни овозможуваат да зумираме.
Дигиталниот зум од друга страна само ги зголемува пикселите кои ги гледаме на ЛЦД дисплејот, и нам ни изгледа како објектите да се поблиску до нас. Ако користите дигитален зум многу пати на крај ќе добиете само фотографија со лош квалитет на која јасно се гледаат пикселите.
ЗАКЛУЧОК При купување добро погледнете колку е оптичкиот зум, дигиталниот воопшто не ви е важен или пак комбинација од двата.

camera-build-quality

МИТОТ ЗА МЕГАПИКСЕЛИТЕ

Една од првите карактеристики што се рекламира кај секој нов модел на фотоапарат. Едноставно се мисли кој има повеќе мегапиксели е подобар. Ова е само маркетингшки трик на компаниите, луѓето се „палат“ на тоа да имаат модел со што е можно повеќе мегапиксели.
Вистината е сосем различна.
Прво, повеќе мегапиксели не значи дека имаш подобра камера. Ако јас имам EOS SLR камера од 8 мегапиксели со сигурност ќе вадам подобри слики од некој 12 мегапикселен компактен за секојдневна употреба. Се сеќавате погоре, најважен е сензорот, не мегапикселите.
Единствено ако планирате вашите фотографии да ги печатите е тогаш заради квалитет е важно да има повеќе мегапиксели. Но, да бидеме искрени од кога не сте извадиле фотографија во фото студио, сите ние сакаме да фотографираме и да ги разгледуваме и ретушираме на компјутер, а за тоа доволно се 4-5 мегапиксели, ништо повеќе.
ЗАКЛУЧОК Само ако планирате да ги принтате фотографиите и тоа во големи формати, тогаш нека биде барем 10 мегапиксели или над.

ОПТИЧКИОТ ЗУМ СЕ ВАЖИ, А НЕ ДИГИТАЛНИОТ
Исто така тема која збунува многу. Колку пати е оптичкиот зум, колку дигиталниот, кога се заедно, кој е подобар..и други слични прашања.
Да разјасниме, оптичкиот зум е всушност вистинскиот зум. Кога користиме оптички зум моторчињата во леќата се движат и ни овозможуваат да зумираме.
Дигиталниот зум од друга страна само ги зголемува пикселите кои ги гледаме на ЛЦД дисплејот, и нам ни изгледа како објектите да се поблиску до нас. Ако користите дигитален зум многу пати на крај ќе добиете само фотографија со лош квалитет на која јасно се гледаат пикселите.
ЗАКЛУЧОК При купување добро погледнете колку е оптичкиот зум, дигиталниот воопшто не ви е важен или пак комбинација од двата.
коментари (3)add comment

Elena said:

0
...
Dobro e sho si smenil font. Uzasen bese prethodniot smilies/smiley.gif Sega mozam da ti go citam blogot.
септември 21, 2010

danijanev said:

0
...
@Elena, da se soglasuvam i drugi mi napomenaa za toa.
Ke ima i drugi izmeni na podobro vo idnina.
Kako i da e, slobodno sugerirajte i predlagajte vo komentarite.
pozdrav
септември 21, 2010

Elena said:

0
...
Се двоумев за да купам фотоапарат од 10 мегапиксели,бидејќи мислев дека ке има лош квалитет на фотографиите
Благодарм за советот
јануари 03, 2013

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons