Фев202014

5 Начини како да ве сакаат клиентите

1111
Сите добро знаеме дека генерално за било кој бизнис среќен и задоволен клиент значи профит. Ова важи и за нас фриленсерите кои најдобро знаеме колку е понекогаш тешко и одзема време да се бркаат нови клиенти, затоа е многу важно да знаеме како да ги задржиме постоечките. Ќе споделам 5 кратки совети и начини како да ве сакаат клиентите според важност.

Јан292014

3 најчести лаги кои ги слушаме од клиентите

lie_11
Да се биде успешен фриленсер не значи само добро да ја завршувате работата и навремено да бидете исплатени туку и да знаете добро да го прочитате клиентот во неговите намери. Без разлика дали сте почетник или поискусен секогаш може да се случи да наседнете на некоја лага од страна на клиентот. Издвоив неколку најчести лаги кои ги кажуваат клиентите, од мое лично искуство, како полесно да ги препознате и како да се справите со нив.

 
Јан252014

5 знаци дека станувате мрзеливи

1slacker

После подолга пауза, што од оправдани што од неоправдани причини повторно на Дезен има нешто ново. Дел се должи на презафатеност, а дел на размислување како да се продолжи понатму. И ова е само почеток, ќе има поразличен концепт, ќе има многу нови работи кои постепено ќе се воведуваат (за старт суптилна промена на позадина и логото :) но и покрај се Дезен да остане омилено место за инспирација и совети за сите дизајнери и фриленсери.
Намерно за прв пост оваа година решив да напишам нешто од сопствено искуство, а тоа како да ги препознаете знаците дека забушавате, премногу се опуштате или со еден збор станувате мрзливи, и нормално полесно да го пребродите тој период. Секако прво мора да се дијагностицираат сите симптоми, да признаете каде сте погрешиле, за да може да се почне со терапијата.

 
Мај242013

5 лекции за фриленсери од Хан Соло

11
За многумина од вас можеби насловот звучи чудно и можеби неточно, бидејќи Хан Соло и фриленсингот на прв поглед немаат ама баш ништо заедничко.
Овој познат шармантен лик од Star Wars, кој од шверцер стана бунтовик против Империјата, е опремен со само неговата брза снаодливост и умешност, неговиот пријател Чубака и Милениумскиот Сокол. Хан Соло може да се претстави како е еден остроумен бандит и талкач во галаксијата, што го прави „фриленсер“ :)
Иако неговата работно искуство доаѓа од "a long time ago in a galaxy far, far away" сепак може да извадиме поуки и совети и за фриленсерите во денешниот модерен свет, главно преку анализа на неговите познати реплики.

 
Дек292012

20 Новогодишни резолуции

scgfbf-04
Годинава завршува за неколку дена. Време кога обично се прави рекапитулација за  поминатата година и одлуки и ветувања за наредната. Според тоа што сте сработиле, научиле, искусиле...ја оценувате како успешна или неуспешна и се она што не сте можеле веќе го префрлате во агендата за наредната година. Во правењето на таа листа ќе ви помогнам со неколку идеи доколку сте графички или веб дизајнер фриленсер.

 

Страница 6 од 19

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons