Авг292011

Подобрете ги вашите дизајнерски вештини

Revisions-and-Changes
Стремежот на секој човек е константно подобрување на вештините во работата. Со тоа напредувате во вашата кариера и луѓето ја препознаваат вашата работа.. Ова важи и за фриленсерите. Ако немате работа со која би добивале унапредување и нови титули, не значи дека треба сеуште да тапкате во место. Напротив, во светот на дизајнот, секогаш има нешто ново. Нови форми на изразување, нови стилови, нови компјутерски програми итн. Затоа е многу важно да ги следите новините и со тоа да ги надрградувате вашите вештини како дизајнери. Подолу се 5 кратки совети како да го направите тоа.

Јул182011

Dribbble - заедница за дизајнери + покана

on-dribbble
Dribbble една од најпознатите онлајн заедници за дизајнерите и девелоперите за да ги покажат своите квалитети и она на што работат секојдневно. Тоа е всушност и нивниот слоган: What are you working on?

 
Јул052011

Типични барања на (македонските) клиенти?

prva_cl
Да се биде фриленсер графички дизајнер воопшто не е лесно. Да се биде фриленсер графички дизајнер во Македонија...е тоа е веќе поим сам по себе :)
Сигурно во вашата кариера и работа до сега сте имале безброј ситуации каде македонските клиенти ве оставиле без коментар или едноставно да помислите во себе „ова не е можно“
Но, таквите ситуации во тој момент може ни изгледаат губење време и пари, за подоцна да сфатиме дека преку искуството со тие клиенти сега полесно се снаоѓате.
Ќе се обидам на кратко да споделам неколку интересни и најчести барања и изјави типични генерално за сите потенцијални клиенти, но најмногу за домашните.

 
Јул012011

Прв роденден на ДЕЗЕН.МК

rodenden
Блогот ДЕЗЕН.мк денес прави еден мал јубилеј, т.е. една година постоење. Официјално на 1ви јули минатата година на македонскиот онлајн простор свое место завзема и ДЕЗЕН.мк. Прв блог од ваков вид во Македонија, кој покрај темите како дизајн, графика, веб, инспирација...најголем дел посвети на фриленсингот. Првиот роденден и првата година се секогаш важни, затоа и ќе посветиме повеќе внимание.

 
Јун132011

Како да останете продуктивни за време на летниот одмор

prv
Иако за многумина самата работа како фриленсер од дома е одмор, сепак и оваа работа си бара вистински одмор. Предност е што можеме да си земеме одмор кога сакаме, но негативна страна е што тој одмор не ни е платен. Многу често кога ќе се вратите од одмор работата се натрупала, а и стигнале нови сметки и рати за плаќање. Еве неколку кратки совети како најдобро да го искористите одморот а сепак да останете продуктивни.

 

Страница 8 од 19

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons