Јул012011

Прв роденден на ДЕЗЕН.МК

rodenden
Блогот ДЕЗЕН.мк денес прави еден мал јубилеј, т.е. една година постоење. Официјално на 1ви јули минатата година на македонскиот онлајн простор свое место завзема и ДЕЗЕН.мк. Прв блог од ваков вид во Македонија, кој покрај темите како дизајн, графика, веб, инспирација...најголем дел посвети на фриленсингот. Првиот роденден и првата година се секогаш важни, затоа и ќе посветиме повеќе внимание.

Јун132011

Како да останете продуктивни за време на летниот одмор

prv
Иако за многумина самата работа како фриленсер од дома е одмор, сепак и оваа работа си бара вистински одмор. Предност е што можеме да си земеме одмор кога сакаме, но негативна страна е што тој одмор не ни е платен. Многу често кога ќе се вратите од одмор работата се натрупала, а и стигнале нови сметки и рати за плаќање. Еве неколку кратки совети како најдобро да го искористите одморот а сепак да останете продуктивни.

 
Јун112011

Goongula - заедница за македонски креативци

1
Неодамна на македонскиот веб простор се појави еден нов сервис. Можеби сервисот како идеја не е толку нов, но сепак прв од таков тип на нашиот онлајн пазар. Станува збор за Goongula, а нешто повеќе околу идејата и целта на целиот проект од креаторот Александар Пешевски

 
Јун032011

5 Бесплатни апликации кој секој дизајнер мора да ги има

prva_os
Секој човек на планетава, го обожува чуството кога нешто ќе ти подарат, ќе ти го дадат за без пари... Тие „дарители“ во компјутерскиот свет, го прават тоа секој ден, со пишување на десетици линии код, за да го добијат финалниот производ, кој сепак после големиот труд го даваат бесплатно.
Бесплатни програми има многу, но малку се оние кои се навистина добри и кои редовно прават надградби и се подобруваат секоја година. За „мрзливите“ ќе направам една рецензија на неколку добро познати бесплатни апликации за веб и графички дизајнери.

 
Мај182011

3 Карактеристики на успешен дизајнер

yoga2
Многу е тешко да се дефинира поимот „успешен дизајнер“. За некои тоа е знаење од повеќе области од дизајнот, пример да знае да направи припрема за печат и да знае да направи промени во CSS кодот. За други тоа е да се има осет за бизнис. Трети пак успешноста ја мерат во платата и профитот кој го прават. Јас би рекол дека сите се во право, сето ова и многу повеќе е потребно за да бидете успешни во својата област од дизајнот. Ќе ги сумирам сите и ќе направам листа на 3 најбитни карактеристики кои секој дизајнер мора да ги има, или да ги развива со тек на време за да може да се нарече или уште подобро другите да го наречат дека е успешен.

 

Страница 9 од 19

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons