Мар282011

7 Митови за дизајнот

PRVA
Работата како дизајнер, без разлика дали сте веб дизајнер, дизајнер на облека или автомобили е доста барана и ценета во цел свет. Вие создавате од нула, и сте креатори на нешто што е користено или видено од милиони. Како и сите други професии и дизајнерските се поврзани со неколку митови. Па да пробаме да разбиеме неколку од нив :)

Фев182011

Сите светски знамиња

10_09_14_flags_790x400
Сигурно во вашата работа, посебно ако сте веб дизајнер ви затребале знамиња како иконки од некоја земја, и тоа најчесто како референца за повеќе јазичноста на самиот веб сајт. Затоа едно мало пакетче бесплатно за преземање од сите 241 земја во светот, одлично дизајнирани, вклучувајќи ги и оние најмладите како Црна Гора и Косово.

 
Фев162011

Како полесно да одредите цена за дизајн?

PRVAmoney3
Eдно од прашањата со кое секој дизајнер се соочува, и кое и често мене ми го поставувале за совет е „Колку да наплатам за својот дизајн?
Дизајнот генерално е субјективна материја. И ако на ова се додаде дека секој клиент е различен тогаш е јасно дека магична формула не постои. Значи со овој пост нема да ве советувам ниту наложувам колку да наплаќате за одреден дизајн, бидејќи тоа не смеам и не можам да го правам. Нема стандардни пишани правила ниту водичи за тоа. Секој дизајнер низ работата треба сам да развие свој метод и свои правила за одредување цена. Сите сакаме целосно да сме посветени кон креативниот процес и самото дизајнирање, а помалку на бизнисот, но кога тогаш ќе мора да го опфатите и тој аспект од работата, а и сметките не се плаќаат сами :)

 
Јан242011

Најчести грешки на фриленсерите со клиентите

PRVAmistakes1
Како фриленсери вашата работа во најголема мера зависи од вашите клиенти. Затоа треба да знаете како со нив, посебно со новите потенцијални клиенти, но и како да не ги изгубите постоечките. Секој задоволен клиент е бесплатна реклама и препорака за во иднина. Затоа вреди да се вложува во таа врска фриленсер - клиент. На повеќе токму за таа врска, најчестите грешки кои ги правиме и се разбира решенија за истите.

 
Јан132011

Билбордите кај нас

1
Скопје е можеби град во кој има најмногу билборди на Балканот а и пошироко. Билборди кои се поставуваат без никаков план, без никаква идеја и замисла. Секој слободен простор, секој ѕид, зграда, буквално на троторари, тие се насекаде околу нас. Желбата за профит ги руши сите норми и принципи за естетика и урбан град. Како да тоа не е доволен минус, па згора на се и креативноста на компаниите кои се рекламираат е сведена на минимум или украдена и веќе видена идеја. Има и дебилни билброди кај нас како што е моментално онаа со „Која е Ана? и „Ова е Ана.

 

Страница 10 од 18

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons