Јун132010

Векторски веб копчиња за преземање

vector_prvaaa
Доколку сте од оние дизајнери кои веб копчиња дизајнираат во Илустратор наместо во Фотошоп, тогаш овие добро ќе ви дојдат. Има преку 20 веб копчиња во вектор, бесплатни за преземање и може слободно да ги менувате според вашите потреби. Минималистички и среден дизајн, од обични ОК копчиња до веб менија.

Јун112010

3 веб банери - бесплатно

baner_prva
Веб рекламите се насекаде околу нас. За да се издвоите од големата група прв чекор е одличен а атрактивен дизајн за да ги привлечете посетителите да кликнат токму на вашата реклама. За вас имам 3 супер банери и беџеви спремни во лејери во еден фотошоп фајл.

 
Јун062010

Социјални 3Д икони за џабе

social_prva
12 3Д икони од областа на социјалните мрежи, кои бесплатно може да ги користите на вашата веб страна или блог. Доколку на вашата страна имате и други 3Д елементи одлично ќе се вклопат во целокупниот дизајн.

 
Јун062010

Летен пејзаж PSD

psd_prva
На почеток на летото, гага за вас имам прекрасен летен пејзаж во .psd фајл со сите лејери, за да може да го менувате и користите според вашите потреби. Сите елементи како сонце, отсјај, зраци, бои, сенки, дрвја, птици, балони...се одвоени и соодветно именувани за полесна манипулација.

 
Јун052010

Фриленсер и летниот одмор

vacation_prva
За сите оние што работат од дома како фриленсери, одењето на одмори, посебно сега кога е сезона на летни одмори, знае да биде посложен процес, поврзан со повеќе планирање, и менаџирање на времето и проектите кои се во тек.

Меѓутоа со планирање однапред, и успешен баланс меѓу слободното време и работата може без многу дополнителни проблеми да си го испланирате вашиот одмор.

Најбитно е во секое време да ги известувате клиентите до каде сте со нивната работа, никогаш не оставајте ги тие да се прашуваат по неколку дена. 

 

Страница 18 од 19

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons