Јул292010

cairns-web-design-seo-cairns-web-design-team-2
Една од клучните работи за сите фриленсери за успех е задржувањето на постојните и новите клиенти.
Долготрајните клиенти или оние за кои работите по неколку пати можат да бидат „сигурниот“ извор на средства во вашиот бизнис. Пример сте дизајнирале веб страница, потоа клиентот по извесно време редизајн, па можеби одржување на истата. Со новата страница му нудите и редизајн на лого, можеби маркетинг по социјални мрежи итн.

 

Зошто да задржите клиент е важно?

Повеќе ќе работите наместо да барате нови клиенти

Започнување со работа на нов проект од нов клиент бара многу повеќе време. Разговори за работата, состаноци, прецизирање на детаљи околу проектот, па понуда, договори...колку е поголем проектот толку повеќе и време ќе „изгубите“.

Стабилен приход

Повеќето фриленсери немаат стабилен и постојан приход. Секогаш има послаби периоди со работа кога мора да барате дополнителна работа. Тогаш е време да понудите нешто ново на веќе постоечките клиенти.

600-00846208n

Близина со клиентите

Со клиентите кои работите подолго секогаш подобро се познавате. Низ работата сте се запознале со целата индустрија, со нивните потрошувачи, знаете веќе кој е нивниот стил и што бараат. Затоа и побрзо и пред се поуспешно ќе ја завршувате работата. Додека со новите и посебно ниско буџетни проекти можноста за поголемо запознавање ја нема.

desk-small

Препораки од клиенти

Ако имате добри препораки од вашите клиенти и немате потреба за дополнителни трошкови за реклама и барање нови клиенти. За некои фриленсери целиот успех всушност лежи во препораките. И се разбира, почесто добра препорака даваат и клиентите за кои подолго сте работеле, и се разбира доколку се целосно задоволни.

Помалку клиенти помалку проблеми

Менаџирањето со клиенти знае да одзема многу време. Сите тие мејлови, понуди, одобрувања, фактури...може да окупираат и до пола од времето предвидено за дизајн. Секогаш е подобро за менаџирање да имате 3 стабилни и постојани клиенти отколку 13 сите нови.

Успехот на клиентот е ваша добивка

Задоволниот клиент кој остварил добивка од својот бизнис план во кој сте биле вклучени и вие секогаш повеќе ќе ве цени од оној за кој сте завршиле добра работа но ете поради други фактори не ја остварил планирана добивка.

Сигурност кај клиентите

Имањето на долга соработка со еден ист клиент создава доверба. Ако успешно сте си ја завршувале работата тој секогаш за идни проекти прво ќе ве има вас во предвид. И тој не сака да почнува со нов дизајнер од почеток кога знае дека вие добро ја вршите работата.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons