Авг042010

060829_time_management
Сите барем сме се нашле во ситуација кога имаме премногу работа а премалку време, се чудиме дали теоретски е можно да се заврши се во предвидениот рок. Кога ќе заглавиме често се прашуваме каде сме згрешиле. Најчесто грешките ги правиме на самиот почеток. Еве неколку совети од кои сигурно некои ќе ви помогнат подобро да го планирате вашето време.

 

1. Имајте дневен план
Секогаш наредниот ден планирајте го пред да заврши. Најдобро пред да си легнете или рано наутро. Тоа не треба да е некој детален план до минута, едноставно грубо планирање што обврски и работа имате. И нормално ваша работа е колку што може да се држите до тој план, да не дозволите останати ситници да ви го одземаат вниманието.

2. Одделете време за секоја работа
Однапред треба да знаете колку време ќе ви одземе одредена работа. Посебно ако имате стриктен рок, мора да одвоите точно време потребно за комплетирање. Не заборавајте секогаш да додадете екстра време за непредвливи ситуации и надвор од ваша контрола.


3. Користете календар
Календарот е како створен за прецизно менаџирање со вашето време. Од дневни до месечни активности. Одличен за ова е Гугл календарот, или ако веќе користите Аутлук. Добро е што и двата имаат синхронизација со вашиот мобилен, и секогаш ќе го имате со себе без разлика каде сте.

4. Користете планер
За сите покрупни проекти, планови, идеи...ова е одлично решение. Одлично е кога после неколку време ќе го прелистате и всушност ќе видите колку од сите тие планови се оствариле.

5. Рокови
Секогаш добро означете ги роковите за завршување на одредена работа. Работата завршена навреме е плус за вас, а и плус кај вашиот клиент.

6. Научете да велите „НЕ“
Никогаш не прифаќајте повеќе од она што сте во можност да сработите. Не може истовтремено да имате квалитет и квантитет.

7. Користете потсетници
Не само пост ит налепници туку потсетник и во вашиот календар. Ако имате пример важен состанок во 12.00 секогаш половина час порано наместете го алармот.

8. Одземање внимание
Кога ќе решите да работите, и се фокусирате на една задача, не дозволувајте ситници да ви го одземаат вниманието. Повици, пораки, чет, фејсбук, твитер...за тие неколку часа исклучете ги. Дури и ако немате потреба затворете го интернет прелистивачот.

9. Приоритети
Со правилно поставување на приоритети на една работа врз друга секогаш ќе успевате на време да завршувате и повеќе задачи истовремено. Најновата работа што сте ја добиле не мора да значи дека оди и последна на листата, во зависност од вашата проценка можеби токму таа треба да се сработи веднаш.

10. Заеднички работи
Доколку има можност секогаш слични работи работете ги паралелно една со друга. Така сигурно уштедувате време.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons