Авг072010

stereo_prva
Како фриленсери соочени сме со со многу препреки и предрасуди. Најчесто од блиските пријатели и од семејството. Стереотипите за фриленсерите не се нешто ново. Се зависи дали другите се љубоморни, ни се восхитуваат, не мразат...или некое друго чувство спрема нас. Сигурно и имате слушнато некои, но сигурно ќе прочитате и некои нови.

 

1. СПИЕМЕ ПО ЦЕЛ ДЕН

Сосем неточно, единствено ако цела ноќ сме работеле. Знам фриленсери кои наутро се будат во 8-9 часот, порано и од оние со фул тајм работа.

2. ЗАВИСНИЦИ НА КОФЕИН

Сигурно дека пиеме кафе или енергетски пијалоци, но тоа обично наутро. Во моето искуство како редовно вработен можев да видам дека колешки пијат и по 3-4 кафиња до 17 часот секој ден.

couch


3. СИТЕ ФРИЛЕНСЕРИ СЕ ГИКОВИ

Дури и работата да е програмирање и сл. не мора да значи дека сме зависни од ИТ технологии и геџети. Знам фриленсери кои секојдневно работат на компјутер и пак не знаат што да прават кога ќе им заглави некој програм. Фриленсер може да е и блогер, колумнист итн. не мора да е дизајнер или веб програмер.

4. ИМАМЕ ЛОШИ НАВИКИ НА ИСХРАНА

Повеќето замислуваат дека доручек, ручен и вечера јадеме пред тастатура. Искрено ми се има случено можеби само 3-4 пати, и не поради тоа што сум имал премногу работа, едноставно не сакаме да го прекинуваме процесот на нешто добро што сме почнале.

outlook-12


5. РАБОТИМЕ ВО БОКСЕРИЦИ ИЛИ ПИЖАМИ ЦЕЛ ДЕН

Да не претеруваме, можеби 3-4 пати неделно :)

6. НЕ ПЛАЌАМЕ ДАНОК

Сосем погрешно, повеќето од нас редовно пријавуваат и плаќаат данок.

7. СЕКОЈ МОЖЕ ДА БИДЕ ФРИЛЕНСЕР

Да, може. Но, да се биде успешен фриленсер е сосем друго.

8. ПО ЦЕЛ ДЕН ГЛЕДААТ ТЕЛЕВИЗИЈА И ИГРААТ ВИДЕО ИГРИ

Баш напротив, знам фриленсери кои не ни имаат телевизор дома. Најчесто не гледам телевизија повеќе од 1 час дневно.

коментари (1)add comment

tech_noir said:

0
...
Някой смешни килипчета smilies/cheesy.gifsmilies/cheesy.gifsmilies/cheesy.gif

http://bgfreaks.org/topic_348.msg128762.html#msg128762
август 07, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons