Авг162010

socialize_prva
За многумина кои се навикнати на 9-17 работно време и се нови во фриленсинг, работењето по 10-15 часа е незамисливо.
Секогаш кога има прилика секоја работа над 8 часа дневно без паузи е лошо за вашето здравје пред се, но и целокупниот креативен процес. Кога веќе мора да работите и за заглавувате до доцна, обично кога имате некој стриктен рок или премногу проекти наеднаш, еве неколку совети како полесно да го пребродите сето тоа.

 

ПАУЗИ

Ова е задолжително. На секој час треба да направите макар пет минути пауза. Ако ја имате оваа навика од студентските денови тогаш лесно ќе се навикнете. Понекогаш е само доволно да го одвоите погледот од мониторот и да погледнете низ прозорецот или станете и направете круг околу канцеларијата.

break

ЈАДЕЊЕ

Без разлика колку сте заглавиле, на организмот му треба храна и течности за нормално да функционира. И уште поважно тоа да не го правите пред компјутер.

snack

ВЕЖБАЊЕ

Физичката активност е важна колку и психичката. Редовното вежбање е од огромна важност, посебно ако работата ви е седење пред компјутер по неколку часа без одмор. Значи возење велосипед, ролери, трчање, теретана, аеробик, тенис, пливање, планинарење...изборот е голем, изберете ваш омилен спорт и почнете уште денес.

exercise

ОДМОР

После секој успешно завршен проект почастете се со заслужен одмор. Од 5-15 дена на планина, плажа, базен е број еден начин за полнење на батериите.

vacation

РАБОТНА АТМОСФЕРА

Според некои истражувања работната околина и опкружување влијае и до 50 % за успешна работа. Ако не сте задоволни повеќе со изгледот на вашата работна просторија, направете промени. Од најситни, менување на столица, до целосно редизајнирње и распоред на собата. Треба да сакате да бидете во вашата соба, не заборавајте таму поминувате од третина до една половина од вашиот ден.

office

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons