Авг172010

criticism
Дури и најпознатите и најталентираните дизајнери добиваат понекогаш негативен фидбек за нивната работа. Дизајнот во пошироки рамки земено е сведен на различни вкусови. Некои од негативните критики се навистина на место, дури понекогаш и сами ја воочувате грешката, други се пресубјективни, а трети дури и навредливи по самата личност. Работа на секој дизајнер, посебно фриленсер како на најдобар и професионален да се справи. Подолу се неколку совети.


БАРАЈТЕ КОНКРЕТЕН ФИДБЕК

Секогаш од вашиот претпоставен или клиент барајте конкретен фидбек, не прифаќајте само „не ми се допаѓа“ како критика. Со тоа не знаете од каде да почнете и што да корегирате.
Исто така првата грешка ја прават и самите дизајнери со поставување на прашањето „Што мислиш?“ наместо тоа нека биде конкретно, „Што мислиш дали сината боја одговара“ „Дали илустрацијата е соодветна за таргет групата“ и сл.

633496864146596368-Criticism

НЕГАТИВНАТА КРИТИКА НЕ ПРАВИ ПОСИЛНИ

Навистина е тешко кога напорно сте работеле на некој проект и после долго време клиентот ќе ви одговори „за никаде е“. Но, треба да знаете дека навистина се ретки моментите кога ќе го презентирате вашиот прв дизајн и клиентот ќе ви каже „Одлично е, прифаќаме како што е“
Запомнете дека токму негативните критики не „јачаат“ и тука всушност ние стануваме поискусни и поотпорни во иднина.

633721521251499760-CRITICISM

ПРОФЕСИОНАЛНОСТ ПРЕД СЕ

Кога добиваме критика, во овој случај без разлика дали негативна или позитивна најбитно е да останеме до крај професионалци. Затоа многу дизајнери не се приврзеуваат премногу со нивните дела. Верувајте дека начинот на кој реагирате на критика кажува многу за вас во очите на клиентот.

НЕ СТАВАЈТЕ СЕ НА СРЦЕ

Ова посебно се случува кога вашето дело го оценуваат јавно повеќемина. Ако сите тие критики ги сфатите премногу сериозно тогаш со тек на време, вие нема да работите со вашите идеи, визии и вашиот стил, туку едноставно ке станете молив во рацете на клиентите и критичарите. Колку луѓе толку мислења, се е субјективно.

btb

ЗАСТАНЕТЕ ПОЗАДИ ВАШИОТ ИЗБОР

На прво место имајте на ум дека вие сте одбрани баш поради вашето знаење и искуство. Бидете цврсти на ставот дека токму тоа е најдброто од вас. Ако пример клиентот има забелешки за изборот на боите, објаснете го значењето на боите, што значи секоја поединечно и во комбинација една со друга, поткрепете го тоа со докази. Со тоа сте докажале пред очите клиентот дека знаете што правите и не бирате пример бои од ракав.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons