Авг192010

Help-network-within-your-industry-or-niche
Иако на почеток ќе си помислите дека доволно време поминувате на еден куп дизајн блогови и покрај работата ќе немате време за свој, на крајот кога ќе имате своја блог репутација ќе видите дека има многу повеќе позитивни страни.

 

ИЗЛОЖЕНОСТ КОН ОНЛАЈН СВЕТОТ

Ако вашиот блог со тек на време станува се поквалитетен а со тоа и попосетен тогаш ќе имате своја публика секојдневно желна за нешто ново. Веќе не сте само дел од читателската публика туку вие сте дел и од креаторите на барањата на таа публика. Со самото тоа вие сте мета на вашите идни клиенти. Кога имате добро разработен пост од специфична тема и читателот/потенцијалниот клиент тоа го воочи и заклучи дека сте експерт во дадена област вие веќе сте го направиле почетниот инпут за понатаму.

A-great-learning-experience

СО ВАШИОТ БЛОГ ВИЕ УЧИТЕ СЕКОЈДНЕВНО

Со спремањето на вашите постови низ целата таа низа на истражувања, собирање инфорамции, „пакување“ на сторијата, вие постепено учите нови вештини на интерено пишување, склопување на реченици, селекција на битни информации и многу повеќе. Ќе бидете и сами изненадени колку од вашите омилени страни ќе бидат дизајн блогови на крајот.

creative-in-your-own-way

ПРИЈАТЕЛСТВО СО КОЛЕГИ ДИЗАЈНЕРИ

Многу важно е градењето на врски и пријателства со други блогери. Споделувањето на линкови со нив, на новини од светот на дизајнот, на ресурсу меѓусебно само се дел од работите што се од огромна помош. Пример со споделувањето на вашиот пост од повеќе дизајнери на twitter или delicious веќе сте направиле многу.

ОДЛИЧНО НАДОПОЛНУВАЊЕ НА ВАШЕТО ПОРТФОЛИО

Стартување на личен дизајн блог е одлично за вашето портфолио. Со тоа покажувате на клиентите или на идните работодавци дека сте еден чекор пред другите, посебно ако на вашиот блог имате секција трикови, совети, туторијали или слично.

Great-friendship-with-designers-from-all-fields

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРИХОД

Ова сигурно нема да биде веднаш после стартувањето на вашиот блог. Ќе треба време за да се изборите и постојано подобрувате. Со самото тоа посетеноста константно ќе се зголемува за на крај бидете интересни за компании кои би сакале да се рекламираат на вашиот блог. Значи нудењето рекламен простор е прв и најлесен начин за нешто плус приход и плаќање на вашето поминато време.

To-make-your-Resume-look-stronger

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons