Авг302010

07-you-are-serious-freelance-design
Кога клиент сака да почне нов проект, кампања итн. од старт ние фриленсерите сме во една инфериорна ситација споредено со дизајн и маркетинг агенциите. Затоа и добивање на нови стабилни клиенти на почеток е многу потешко, мора да ја освоиме довербата на клиентот. Компанија или фирма секогаш барем во очите на потенцијалните клиенти звучи попрофесионална организација. Иако понекогаш е баш спротивното. Низ моето искуство по разноразни дизајн агенции од кои некои со постоење од над една декада имав прилика да видам од внатре дека не е баш така како што многумина мислеле. Професионалност на најниско можно ниво, тимска соработка скоро и да не постои, и да има се е само лоша глума, секој мисли дека го бива за се итн. Сигурно сте се нашле или сеуште се во иста ситуација.
Како и да е, подолу ќе споделам неколку совети за полесно освојување на нови клиенти и задржување на истите доколку сте фултајм фриленсер.

ПОРТФОЛИО

Без добро средено и секогаш со најновите ваши дизајни портфолио, губите многу. Тоа е првиот контакт на потенцијалниот клиент со вас индиректно. Ако тука успеете да му го задржите вниманието тогаш бидете сигурно дека ќе ве контактира.

СОСТАНОК ЛИЧНО

Доколку клиентите се домашни секогаш практикувајте барем на почеток на состаноци. Сум имал случаеви на почеток кога целата работа е завршена само со комуникација по имејл и телефонски без да се сретнам со одговорниот, но повеќе не. Директната комуникација покажува дека сте заинтересирани и со професионален однос без разлика дали е мал или голем клиент. Во живо се добива друга димензија, полесно и клиентот ќе има и ваша целосна претстава не само слика од вашиот аватар. Значи секогаш кога има услови за тоа барајте состанок.

03-you-are-serious-freelance-design

СЕКОЈ КЛИЕНТ Е РАЗЛИЧЕН

Избегнувајте да давате фиксни понуди за одредени дизајнерски услуги. Со самото тоа што ќе понудите специјални и уникатни цени на секој клиент поединечно давате до знаење дека секој ваш случај и клиент му посветувате внимание. Ова може да се постигне само ако во детали знаете што се бара клиентот, јасно да кажете што се влегува во таа цена а што не.

БОНУСИ И ГРАТИСИ

Секогаш кога постои прилика понудете нешто бесплатно на клиентот, посебно ако сте убедени дека и во иднина ќе имате соработка. Пример за дизајн на повеќе визит карти понудете неколку испринтани бесплатно, за веб страна понудете домеин бесплатно, ако имате сопствено возило понудете бесплатна достава на постери на пример и сл. Користете ја вашата имагинација и верувајте макар и мала работа клиентите ја ценат.

02-you-are-serious-freelance-design

НЕ ЗБОРУВАЈТЕ ЛОШО ЗА КОНКУРЕНЦИЈАТА

Ова е Балкан и Македонија и озборувањата се секојдневие. Знам многу примери каде и клиенти ми кажувале што мисли некој друг дизајнер или компанија за мене. Никогаш не се фаќајте за таа мамка, никогаш не враќајте, дури и ако клиентот ви потенцира дека некој друг тоа го прави поевтино немојте веднаш со погрдни зборови...најбитно да останете професионалци до крај. Демократија е и секој има право на избор, не ретко се случува да се покаат и повторно вратат назад. Оставете вашите дела да зборуваат за вас.

ОДРЖУВАЈТЕ ГИ ВЕТУВАЊАТА

Ако нешто ветите на клиент, не мора да е тоа само рок на изработка, трудете се до крај да го исполните. Не давајте нереални ветувања на клиентот само за да го придобиете, тоа може многу лошо да ви се врати. Исполнети ветувања и навремени рокови значи многу повеќе од не погоден првичен дизајн на пример.

09-you-are-serious-freelance-design

коментари (4)add comment

роберт said:

0
...
тоа е се добро напишано, скоцкано но не е доволно само copy/paste ... треба содржината да се прилагоди кон нашиов насушен пазар ...
за почеток можеби е подобро да се праша дали фриленсинг успева овде ...
септември 29, 2010

dani said:

0
...
@robert
Баш се потрудив да го прилагодам на нашиот пазар, со мои искуства и напоменав ова е Балкан и Македонија. ТУка правилата не се исти, или се модифицирани.
Ако се прашувам јас, мислам дека успева, сигурно потешко, како и се друго нели? Ама баш тоа не прави поискусни и учиме секој ден.
Не е доволно само да си квалитетен, треба да имаш цел план и стратегија како да се развиваш.
октомври 21, 2010

robert said:

0
...
Разгледувајки низ блогов наидов на многу содржини кои се новото лице на уметноста, COOL феноменот во светот. Ке те прашам, како клиентите ги прифакаат твоите идеи, бидејки очигледно тој влијае на твојот карактер како дизајнер...
На пример направив мала анкета за Facebook во врска со дизајнот во споредба со Twitter...голем дел беа за Facebook ... се прашував зошто ? ... дали е заради User Experience ? ... дали клиентите го употребуваат тој термин, дали некој го има побарано тоа од тебе ? ...
октомври 22, 2010

janev said:

0
...
@robert
фала за убавите зборови.
Искрено, блогот го почнав за да имаат македонските фриленсери, пред се дизајнери да имаат каде да прочитаат некој совет, да видат идеја, да се инспирираат, посебно за оние кои се нови или се мислат дали да почнат со фул тајм фриленсинг.
Во врска со прашањата. До сега никој не ми побарал да му дизајнирам веб страна слична на фејсбук или твитер. Само еднаш за една апликација за твитер како референца ми беше напоменато да го користам логото и боите на твитер.
октомври 22, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons