Сеп232010

procrastination2
Најголемиот непријател на ефикасната работа е одолговлекувањето на истата. Сигурно досега сте се нашле во ситуација постојано да одложувате и да оставате за нареден ден некој проект или задача. Ова посебно се случува на фриленсерите. Кога работиме дома често изнаоѓаме изговори, често некои други ситници ни го одземаат вниманието.
За разлика кога сте вработиме со полно работно многу често имате претпоставен или шеф кој постојано ви дише во врат и сте под постојан притисок.
За да го победиме „одолговлекувањето“ мора прво да го разјасниме. Во битка не одиме ако не го проучиме опонентот.

 

КОИ РАБОТИ ОБИЧНО ГИ ОДЛОЖУВАМЕ

Ако се навратите наназад да видите кои задачи сте ги оставиле за подоцна сигурно ќе наидете на некој шаблон. Психилогот Едвин Ван Хуфт после неколку годишни истражувања забележал три карактеристики на задачите кои создаваат одбивност спрема нив и со тоа и одолговлекување.

Тежината. Колку е потешка работата за извршување, толку е по склона кон одложување.
Важноста. Колку е важноста и итноста помала, толку почесто ќе ја оставаме за подоцна
Ефикасноста. Ако сметаме дека сме добри во некое поле тогаш ќе мислиме дека ние тоа брзо ќе го завршиме и сигурно ќе оставаме за некој нареден ден.

_my_pic

СТРУКТУРНО ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕ

Всушност значи листата со задачи да ја извршуваме од долу нагоре, односно по неважните работи да ги правиме прво. Дури и си измислуваме работи, да бидеме „реално“ продуктивни а ефект да нема.

Обратно од овој процес, значи активност, е „парализа“ во смисла иако знаеме дека имаме работа, ние сме пасивни и чекаме нешто да ни даде инспирација и енергија. Не правиме никаков прогрес. Типичен пример за ова е додека сте биле студенти. Знаете дека наредниот ден имате испит, да предадете семинарска...а вие седите пред телевизор или монитор. Се соочувате „очи во очи“ со работата, но не превземате ништо до последен момент. Иако се наговестува лош исход, понекогаш токму таа паника знае да биде иницијатор за поголема мотивираност.

ПЕРФЕКЦИОНИЗАМ

Иако се смета за позитивна страна, често е катализатор за одолговлекувањето. Не започнувате со работа се додека условите за тоа не се перфектни, и не завршувате ако знаете дека има и најмала маана во крајниот резултат. Ова е причина што на пример цело лето сте одолговлекувале да трчате или да возите велосипед. Патиките не ви се добри, на велосипедот слабо му работи задната сопирачка и слични други сосем неважни работи кои за вас не се перфектни.

Procrastination_by_diablo2097

КАКО ДА ГО ПОБЕДИМЕ ОДОЛГОВЛЕКУВАЊЕТО?

Внатрешната мотивација е продукт на нашите вредности, исполнетоста и целите. Додека надворешна мотивација се пофалбите, наградите, бонусите, платата и сл. Проблемот настанува ако нашата надоврешна мотивација е посилна на долг период од внатрешната. Ако наместо да мислиме како ќе имаме добар клиент во портфолиото ние сме заслепени каков плазма телевизор да купиме со парите кои треба да ги добиеме. Јасно дека е капитализам и дека парите го вртат светот, но од моментот кога тоа ќе ви биде секундарна мотивација ќе видите дека напредувате а и имате поголем приход.
Ако подолго време одолговлекуваме, и тоа го правиме се почесто, почнуваме да се чувстувуваме пријатно во таа улога, и на крај не декларираат како некој што постојано доцни со работа и не внимава на рокови. Со тек на време ќе ги запоставувате и работата и семејството и здравјето. Не дозволувајте да дојде то тој степен. Наместо тоа, декларирајте се како продуктивен работник и често потсетувајте се на вашите цели во животот и кариерата.
Дејвид Кембел рекол Дисциплината е потсетник на тоа на каде одиме.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons