Сеп272010

885957_88262175PRVA
Сигурно доколку работите дома како фриленсер многу пати сте се нашле во ситуација да не ни забелележите кога отишол денот, а вие многу малку сте сработиле и покрај тоа што времето ви било добро изменаџирано. Понекогаш „ситниците“ по дома или надвор се токму оние што го „конзумираат“ нашето време за работа. На повеќе ќе може да прочитате неколку совети за да бидете поефикасни.

1. Запишувајте потсетници на компјутер

Ако сте од оние кои имаат куп расфрлани post-it потсетници насекаде, на биро, на монитори...тогаш дефинитивно е време да се префрлите на дигитална варијанта. Одличен за тоа се Sticky Notes, па макар го користеле и досадниот Notepad, ќе биде подобро отоколку да запишувате на парче хартија.

2. Скенирајте.

Сите ваши документи, фактури, договори...имајте ги и и скенирани во компјутер. Ќе бидете поефикасни ако барате некоја пријава од пред 3 години да речеме низ компјутер отколку низ сите папки.

3. Hands-free

Ако користите фиксен или мобилен често додека работите, имајте и hands free варијанта, speaker phone или bluetooth. Некои корекции може да ги направите уште додека клиентот ви ги соопштува.

832604_12809386

4. Wrist rest

Користете подлога за маусот со одмарач на зглобот. Ќе видите дека нема да имате толку болки после целодневна работа. Посебно ако работата ви е повеќе со маусот отколку со тастатурата. Ако пак работите на лаптоп набавете си сталак, што ќе ја поткрене тастатурата.

5. Се во едно излегување

Ако има потреба да излегувате додека работите, до банка, сметководител, до пошта, состаноци, и други административни процедури, потрудете се тие работи да ги направите организирано со едно излегување и доколку можете избегнувајте ги периодите кога се најголемите гужви.

191439_8220

6. Рокови

Секогаш освен рокот на клиентот имајте и свој рок. Пример ако клиентот бара тоа да се заврши на 15ти во месецот, вашиот рок нека биде 2-3 дена порано. Тој меѓупростор во непредвидливи ситуации може да ве спаси многу често.

7. Монитори

Ако имате можност работете на два или повеќе монитори. За почеток доволно е тој од лаптопот и уште еден поголем. Ќе видите дека тоа значи автоматски поголема ефикасност.

734611_32792948

8. Електронска пошта

Имајте точно време во денот кога проверувате, одговарате и праќате мејлови. Тоа не треба да е повеќе од 4 пати. Значи ако ви стигне мејл во сред работа не значи веднаш да оставите и да почнете да одговоарате на пораката, се разбира ова не важи за итни пораки. Ем го нарушувате креативниот процес, ем сигурно ќе заборавите на нешто.

996861_13256493

9. Канцеларија дома

Потрудете се местото или собата за работа да е по ваш вкус и да сакате да поминете дооолги часови во неа. Значи средена, со инспиративни ѕидови, добро осветлена и со пријатна температура за работа. И мали промени може да ви дадат екстра поттик и мотивација за работа.

10. Деконцентрација

Потрудете се надворешните влијанија, дали бучава, сообраќај, градежни активности...кои ви сметаат и пречат да ги отстраните. Најлесно е со слушалки и добра музика.

 

Доколку имате и вие некои совети слободно надополнете ја низата со коментари подолу.

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons