Сеп292010

graphic_designer_rock_star_tshirt-p235539926595801195ohvp_400
Доколку сте дизајнер повеќе години, сигурно до сега имате развиено посебно чувство за естетика. Гледате на работите наоколу од еден друг аспект, забележувате детали кои другите воопшто не ги перцепираат или ги сметаат за небитни. Низ моето скромно искуство, одбрав неколку карактеристики и особини типични за еден дизајнер. За многумина можеби ќе звучи смешно, но ако се пронајдете во повеќето точки вие сте на добар пат да станете дизајнер. Еве мал дел кои одвоив само за вас.

  • Често се наоѓате во ситуација да објаснувате дека не дизајнирате мебел, или облека.
  • Едвај чекате да излезе нов производ од Епл.
  • Ви се качува крвниот притисок кога ќе видите дека некој го користи прекумерно фонтот Comic Sans.
  • Секогаш Helvetica ви е во првите 5 фонта.
  • Кога и да видите ефекти како Lens Flare, Bevel...се нервирате.
  • Со часови, понекогаш и денови бирате соодветен фонт за лого.
  • Знаете основи на HTML/CSS.
  • Прво што забележувате на некој знак е фонтот а не пораката.
  • Претплатени сте на над 50 RSS feeds од дизајн блогови.
  • Ви се крева косата на глава кога ќе видите дека некој уште користи Интернет Експлорер.

internet-explorer-voodoo

  • Ги знаете сите скратеници во Фотошоп дури и да ве разбудат во сон.
  • Имате работни фајлови со имиња како: final, final1, final2, final3, final4, final5, najfinalno и сл.
  • Веднаш забележувате ако некој постер е по грешка испринтан во RGB.
  • Имате колекција со над 20000 фонта, а не сте платиле ни 20 долари за нив.
  • Знаете неколку први реченици од Lorem Ipsum на памет.
  • Кога гледате во некое мени, прво помислувате: ммм, Мyriad Pro Condensed, наместо: ммм, вкусно звучи.
  • Имате посебен монитор само за чет, твитер и мејл комуникација.
  • Имате фолдери со ресурси за дизајн за кои не ни знаете дека постоеле.
  • Сте имале денови кога буквално гледате во монитор со часови за да ви дојде инспирација за работа.
  • Гледате на часовникот дека е 1 по полноќ и велите: Време да си легнам, а всушност сте легнале во 4.
  • Кога барате слики од клиент, се молите да не ги прати во Ворд, а сепак ги добивате залепени во Ворд документ, Пауерпоинт...и како ли уште не.
  • Може да забележите слика на билборд со ниска резолуција од километар.
  • Имате неколку уникатни парчиња облека, патики, ранци, маици...лично дизајнирани.

ExitFest_tee_design_by_danijanev

  • Кога надвор ќе видите некоја добра боја прво на што помислувате е да имате пипета и да кликнете врз неа.
  • За крај, се насмеавте на пола од фактите оти ви се имаат случено вам :)
Слободно надополнете ја низата со ваши факти.
коментари (10)add comment

sanja said:

0
...
hhaha,stvarno zanimlivi fakti smilies/smiley.gif
септември 29, 2010

Горан said:

0
...
- те вади од такт кога ке видиш rainbow градиенти,

- ти се иде да го фрлиш мониторот кога си на лош дизајниран сајт,

- секое списание прво се анализира како се распоредени информациите внатре, фонтот и големината и grid системот па после се чита содржината..(мразиш 12-ка фонт),

... нешто шо ми текна у момент smilies/smiley.gif)
септември 30, 2010

danijanev said:

0
...
@Горан хаха, одлични сугестии, посебно претерано употребуваниот rainbow градиент
септември 30, 2010

Дарко said:

0
...
од далеку приметуваш неправилен "align-layers-by-vertical-center" smilies/smiley.gif
септември 30, 2010

Maja said:

0
...
Имате посебен монитор само за чет, твитер и мејл комуникација.
Тоа не значи дека си дизајнер. Тоа значи дека си зависник од чет, твитер и мејл комуникација.
октомври 04, 2010

danijanev said:

0
...
koj dizajner ne e zavisen? ako znae kako fb i twitter na primer se odlichni alatkiza sebe promocija. a poseben monitor poshto na drugiot dizajnira pa da ne mu prechi smilies/smiley.gif
октомври 04, 2010

Коста said:

0
...
хахахахаххахахха... true, true! smilies/smiley.gif)))
октомври 05, 2010

rokerot said:

0
...
ahahahahahahahahahaha, закон. smilies/wink.gif
октомври 13, 2010

ExtremeBt said:

0
...
На 90% од точките се препознав smilies/grin.gif
октомври 13, 2010

dalibor said:

0
...
Imas 257 ikoni na ekran od koi 58 se vo vrska so eden proekt...
јуни 21, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons