Окт132010

aboutMacedonia_img
Со овој пост сакам да ги повикам сите фриленсери од Македонија (дизајнери, графичари, веб дизајнери, девелопери, програмери, илустратори, анимаотри, фотографи...) и сите други што работат од дома слична работа да се пријават на овој дизајн блог.

Мојата идеја е да направиме една листа на активни фриленсери и да ја споделиме меѓусебно. Нешто како неформална група која ќе постои пред се за размена на искуства, совети, ресурси, да се креира еден стандард конечно во Македонија и со тоа да нема нелојална конкуренција, едноставно да си помагаме едни на други.

Сигурно многу пати до сега ви се има случено да при дизајнот на некоја веб страна да ви затреба некој поискусен php програмер на пример, или обратно, ако на некој програмер му затреба совет или мислење за дизајн и сл. Секогаш кога ќе сме во гужва со работа а не сакаме да го одбиеме клиентот и работата, да може да најдеме лесно некој колега фриленсер што би презел дел од работата. Со оваа листа ќе имаме стандарден ценовник и тарифи на услуги кој би се формирал со тек на време.

freelance-297x300

Вчера само како тизер го твитнав ова и веќе се пријавија четворица, а би сакал да има и многу повеќе, затоа ќе нема некој стриктен рок за пријавување, но сепак на време пријавете се. Со ова би сакал да допрам до поширока дизајн заедница во Македонија, затоа слободно споделете ја странава и линкот на сите свои социјални мрежи.

Освен што ќе се создаде листа, на почеток сите ќе имате свој банер на Дезен сосем бесплатно.

За таа цел пратете сликичка (jpg или png) со димензии 200 х 100 пиксели и линк до кај би сакале да води на danijanev@gmail.com
Нормално најдобро да е поврзана со она што работите и да води до вашето онлајн портфолио, на која и веб страница да е поставено.
Јас се надевам и моја цел е со тек на време да се оформи една конкретна листа која сите заедно ќе ја создадеме и дополнуваме, и на крај финалната ќе ја споделиме како именик за сите да имаме корист од неа.

web_development_photo

Ако сите други имаат „еснафи“ зошто да немаме и ние :)



П.С. Ова се моите првични идеи и замисли, ако имате вие некоја ваша или нешто да надополните, забелешки, сугестии...слободно пишете во коментарите подолу.

коментари (16)add comment

Goran Mitev said:

0
...
PHP услуги од секаков вид: http://goranmitev.com smilies/smiley.gif
октомври 13, 2010

Ѓоко Парго said:

0
...
Сè во постов ми се допаѓа, ама најмногу ми се допаѓа идејата за „стандардизирање“ на цените, поточно држење на истата на одредено, пристојно ниво.
Тоа што сме ние за компаниите (во поглед на дефинирање цена), за нас се студентите и средношколците без трунка искуство кои работат за смешни пари, а нудат само неквалитет и го рушат покрај нивното и нашето реноме.
октомври 13, 2010

danijanev said:

0
...
Баш така, да бидам искрен и ти имаш удел у ова пошто го планирав одамна и коа пред некој ден ми побара контакт преку скајп си реков зашто да не го искористам дезен за ова со тоа што ќе дозволам бесплатна промоција smilies/smiley.gif
Инаку сите сме биле „жртви“ на нелојална конкуренција, кога клиент ќе каже дека некој друг тоа го прави 5 пати поевтино, не само што прават штета на нас, туку на цела заедница фриленсери. Клиентите се помалку го вреднуваат нашиот труд, почнуваат да мислат дека тоа е работа што секој може да ја направи со компјутер и интернет. И за крај како што спомна неквалитетот, понекогаш се срамиш да кажеш дека си дизајнер и со тоа да се ставиш во ист кош.
Да не заборавиме дека ова е Македонија, чудесна земја нели ? smilies/smiley.gif
Мислам дека двајца или тројца ова не го средуваат, треба поголем ангажман и организираност од сите, ја се надевам дека барем ќе се мрднат работите, и дека ова мое залагање ќе вроди со плод и дека ќе поттикне и други.
октомври 13, 2010

goran said:

0
...
Баш добра идеја, го поддржувам ова ... инаку се сложувам со предходниот коментар за одржување на некое ниво за цената, али мислам дека не сите студенти се на пониско ниво во поглед и на квалитетот и на трудот затоа што тој мора да стекнува некаде искуства.. секој имал почеток...јас сум студент по графички дизајн, немам многу искуство но професионално навлегувам во проблематиката така што во иднина на профи ниво јас знам од кај да почнам и имам за секој потег објаснување за разлика од некој што си читкал туторијалчиња и станал дизајнер ... плус имам еден предлог да се направи една кампања за едукација на клиенти и општо луѓето, фирмите во државава да го сватат сериозно проблемот на брендирањето и колку може да биде моќен при стварање на еден идентитет и за нив во бизнисот и општо како претставници на една држава што преку тоа ќе даде стилска и сериозна слика и претстава на повисоко ниво во дизајнот кај нас...
октомври 15, 2010

danijanev said:

0
...
Се разбира Горан, дека не сите студенти се на ниско ниво, далеку од тоа. Меѓутоа факт е дека додека учиш, студираш се прават најмногу грешки, на кои после учиме се разбира. Е баш тие грешки понекогаш може да направат штета. И кај дизајнерите, и кај фриленсерите, и најбитно како шо кажа кај клиентите.
Инаку у земјите насекаде околу нас, една обична трафика има дизајнирано и меморандум и фактура своја, све вришти од нивниот бренд, кај нас уште има бааги големи фирми немаат лого, а и тоа шо го имаат боље да го немаат. И кога ќе му понудиш да му направиш веб страна, кога ќе му објасниш кои се предностите да се има веб страна, кога ќе му кажеш цена, тој вели ја подобро ќе пуштам за тие пари реклама еден месец у весник ?! Ете до кај е едукацијата на нашите директори, и колку они знаат за брендирање. Треба не една многу кампањи и едукација, и не сме доволни само јас и ти, треба масовен одзив и иницијатива од повеќето. Уште влечеме корени од друг систем, треба смена на генерации па за се осети некој напредок. Луѓето ќе се качат и на Марс ама ние уште се бавиме со козата и комшијата.
октомври 15, 2010

Стефан Бекиров said:

0
...
Абе кај нас сите зборуваат за дизајн и само го користат зборот дизајн.
Многу од нашите клиенти сакат дизајн ана тешко го разбираат тоа што е дизајн што е бренд што е корпоративен дизајн или дизајн на бизнис материјали.
И секој еден не го вреднува тоа како дел од успехот на неговата фирма туку како една не благодарна работа која ти одзема определен временски период за да направиш нешто што ке го подобри пазарот и ќе ја издигне самата фирма на подобро ниво.
Секој еден во нашата држава не смета дека треба да одвои барем еден мал процент од својата заработувачка за негова по добра афирмација и заштита на својот продукт.
Според мене треба да се направи некаков вид на предаванје и информација на собствениците на големи средни и мали претпријатија што тие добиват со корпоративниот дизајн.
Институцит за заштита на интелектуална сопственост не сум ни сигурен дали функционират во нашата држава.
Треба да се организира друштво на дизајнери на Македонија со свој прецедател регистрирано во содветните установи како што е друштво на ликовни уметници и актери.
Секој дизајн е сопственост на некого и тој треба да биде заштитен и да не биде злоупотребуван од страна на аматерите и луѓето што се занимавата со дизајн како хоби и преку тоа да го зголемат својот буџет врз база на плагијати од вече постоечките дизајни.
Ако ние во Македонија успеме да направиме такво друштво на дизајнери преку кое ќе имаме можност за наша соработка, напредуванје и заштита од непрофесионалци на територијата на Македонија и по широко има надеж за нас да продолжиме понатаки да работиме како вистински професионалци.
Баш ми е мило што некој потегна иницјатива за ова нешто само да не застане се тука мораме да дадеме целосна подршка на оваа идеа да прерасне во една голема организација на независини дизајнери на Република Македонија со сопствен бренд.
октомври 17, 2010

Златко said:

0
...
Со месеци наназад барав квалитетни веб/графички дизајнери/програмери и се она што најдов се приучени, недоучени "професионалци". Откако го прочитав постов, мислам дека потрагата конечно ќе ми заврши smilies/grin.gif

Јас работам како freelance веб дизајнер веќе 4 години. Доста се постветив што дури и неможам да кренам раце од работа. Мислам дека крајно време е да најдам некој кој би ми помагал во работата, првенствено во техничкиот дел на изработка на веб страна, значи HTML, CSS, JavaScript, а можеби и PHP доколку ми затреба. Се надевам таква личност ќе се најде на Дезен.

www.pixelinspired.com
февруари 12, 2011

janev said:

0
...
Златко фала за пофалните зборови. патем, ретко добро портфолио. Се надевам и јас дека Дезен ќе ти помогне при работата.
поздрав
март 03, 2011

daret0 Efrem0v said:

0
...
Епа коа го дознав сајтов, си реков, ова е СУПЕР, Се што може да посака еден фриленсер е тука smilies/smiley.gif Во првите денови не го посетував многу сајтов но ми стана интересен, и си го пратам секој ден, што се дешава, како и кога. Морам да го пофалам дизајнот, и администраторот на блогов, браво.
март 04, 2011

janev said:

0
...
@daret0 Efrem0v фала за убавите зборови и поддршката, мило ми е што ти помага, ќе се трудам и понатаму да има интересни содржини smilies/smiley.gif
март 04, 2011

Metz said:

0
...
A, bi bilo i odlichno dokolku imate i edna baza odnosno agencija koja shto kje ve pretstavuva... smilies/smiley.gif

Sosema sluchajno go najdov ovoj blog, i smetam deka seto ova e izvonredno. Konechno mojata pasija za brendiranje i logoa da ja najdam na makedonski... smilies/smiley.gif

Da se vratam na gore navedenoto, jas studiram marketing i menadzment. Iako sakam dizajn, ne se razbiram mnogu vo tehnoloshkiot aspekt na istiot, a i samite vie kazzuvate deka kvazi-dizajneri preku tutoriali ne biduva. smilies/smiley.gif Pa, jas sum tuka samo so svoite idei... smilies/smiley.gif I mnogu dobro crtam so slobodna raka... Hahaha... smilies/smiley.gif

Brendot go sledam od celosen marketing paket point, taka da, smetam deka dizajnerite treba da dizajniraat, a nie marketerite treba dobro da go izmarketizirame i prodademe brendot koj so vasha sorabotka treba da se napravi fenomenalen.

Mojata draft ideja e vekje vo podgotovka i kje ja stavam online kaj i da e... smilies/smiley.gif

Dotogash, se twitame - twiiter.com/MiroslavMedo
април 10, 2011

Alex said:

0
...
таква група веќе постои и можете да ја побарате на фејсбук FB. http://www.facebook.com/groups/creativex/ smilies/smiley.gif
октомври 01, 2011

Davor said:

0
...
Чисто случајно налетав на твојов блог и морам да ти кажам дека сум пријатно изненаден. smilies/smiley.gif Читав некои коментари дека само преведуваш или дека копираш туѓи трудови (што до некаде можам и да го потврдам со оглед на тоа дека скапувам на „странски“ блогови), ама луѓево не сфаќаат каква дрскост и храброст е потребна за да отпочнеш еден ваков проект во Македонија, земја каде што (скоро) воопшто не се цени квалитетниот и оригинален дизајн. Особено ме радува што твојов блог полека станува место каде што се собираат и филтрираат квалитетни и сериозни фриленсери.
Се надевам дека таквиот тренд ќе продолжи и дека во скоро време ќе се појават и нови квалитетни блогови и дека полека и во нашава земја ќе почне да се цени оваа професија и да го добие заслуженото место. Поздрав и продолжи со квалитетните статии... smilies/smiley.gif
февруари 15, 2012

Daniel said:

0
...
@Davor
Фала за убавите зборови. Со блогот не се обидувам да измислувам топла вода, истите теми ќе се најдат на мал милион други страни за дизајн. Меѓутоа секој пост се обидувам колку може и дозволува да го вметнам во македонски реални ситуации, и се повеќе да има совети од лично мое искуство. Има стварно добри дечки колеги фриленсери, и тоа ми е една од целта, да се оформи некакво здружение или друга форма каде ќе сме заштитени и едноставно да си помагаме, а не љубомориме и наштетуваме едни на други.
Продолжи да читаш и понатаму дезен smilies/smiley.gif
февруари 15, 2012

Nebojsa said:

0
...
браво за идејата, стварно е потребно да се направи едно здружение на „слободни уметници“ независно од браншата и да си помагаме едни на други, бидејќи има работа за сите и повеќе од тоа. Предлагам тие што се заинтересирани да направат некаков контакт, и да не биде само на зборови да се организира некаква средба.
мај 21, 2012

danieljanev said:

0
...
Фала за поддршката Небојша. Лани контактирав со можеби над 30 колеги фриленсери и сите се ок, за, добра идеја и останува на тоа. Кога ќе се побара поголем ангажман или да се одвои мал дел од времето, сите се зафатени. Не ме чуди тоа, типичен наш менталитет, секој чека некој друг да ја заврши работата. И покрај се јас не се откажувам, дури во план ми е и joint office space за фриленсери, за да видат колкави се придобивките и дека само може да биде полесно.
мај 21, 2012

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons