Окт152010

2111172760_edf2e04710_o
Сите дизајнери, особено фриленсерите, некој поретко некој почесто се соочуваат со креативен блок. Едноставно има периоди или денови кога, немате инспирација, тешко ви доаѓаат нови идеи, не сте задоволни со ништо што ќе дизајнирате, со еден збор креативноста ви се блокирала.  
Обично ова се случува ако имате премногу работа и обврски. Еден таков период може да биде фрустрирачки за самиот дизајнер, и ако потрае подолго ја нарушува самодоворбата.
За да не дојде до тој степен, подолу се неколку совети за да се премине креативната блокада.

Прво, во таков период, со упорно трудење со сила, само ја влошувате ситуацијата. Ќе ве обземе непотребно голем притисок и паника.
Значи најбитно да бидете смирени и да почнете со смирено темпо. Најпрвин со нов концепт и распоред на елементите, а ако не успева тоа, слободно почнете од почеток ако тоа ви го дозволува рокот. Не престанувајте со работата, имајте на ум дека и просечен дизајн е подобар од никаков дизајн.

logoprocess01

Наместо пред компјутер земете лист хартија и молив и почнете од тука. Оваа промена може дополнително да ви ја стимулира креативноста. Слободно без никакви ограничувања, чкртајте, шарајте, скечирајте...ќе се изненадите колку пати од ваквиот начин може да излезе нешто продуктивно и потенцијално како за старт.

Ако и после ова се чувствувате како да не сте мрднале од мртва точка, тогаш време е да ги прегледате дизајните на другите. Низ книги, магазини, на интернет...еден детаљ може да биде доволен да ви го скрши креативниот блок.

Picture-31

И за крај, имајте на ум дека ништо не трае вечно па така и блокажата. Овој „проблем“ е широко распространет и сите имаат посебни методи на справување.
Излезете, прошетајте, релаксирајте се, слушнете добра музика. Неколку часа опуштен ум и тело буквално може да ви дадат свежи идеи. Ова ви го кажувам од лично искуство.  

Се надевам дека овие неколку совети ќе ви се најдат, а може и вие да споделите дел од вашите методи во борба против креативниот блок.

коментари (3)add comment

Georgij Golaboski said:

0
...
Знам дека е стара темава, но би сакал да прашам. Дали некаде се набавуваат специјални тетратки за чктрање? со помали квадратчиња, поголеми и такви работи? Нов сум во бизнисов па smilies/cheesy.gif
април 20, 2011

janev said:

0
...
обично ги нарачувам преку амазон или eBay, а кај нас можеш да провериш по книжари или officeplus
април 20, 2011

Georgij Golaboski said:

0
...
Е фала! smilies/grin.gif Гуглав малку и
http://bit.ly/cxdbdb има долу една корисна алатка smilies/wink.gif
април 20, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons