Ное052010

PRVA035-funny-photos
Низ нашето искуство во работата како фриленсери посебно на почетокот сме правеле многу грешки. Во пракса секој има по некоја лоша навика. Разликата е во тоа како таа влијае на нас и како се справуваме со нив. Фриленсерите посебно прават грешки со клиентите и односот со нив. Понекогаш иако свесни на почеток за некој пропуст мислиме дека со тек на време и низ соработката работите ќе се подобрат и ќе се поправат сами од себе. Проблем настанува кога не оди според планираното и една грешка води кон друга, и така во круг.
Еве неколку грешки кои ги правиме и кои треба да ги знаете уште на старт:

1. Започнување на проект без да го „запознате“ клиентот

Сигурно клиентот пред да ве ангажира и побара понуда направил истражување за вас на интернет, тогаш зошто да не го направите истото и вие. Уште подобро ако клиентот е локален, распрашајте се каков глас го бие, почнете од вашите колеги фриленсери.

2. Не барање аванс однапред

Многу честа грешка. Посебно со новите клиенти секогаш барајте од 20-50 проценти од сумата однапред да ви се исплати, како капар и гаранција дека клиентот нема наеднаш да прекине со соработката, а и да го направи тоа, барем да ги покриете вашите потрошени работни саати. Ако клиентот е веќе редовен и познат соработник избегнувањето на уплата однапред може да значи дека му верувате. Ова прилично добро функционира за клиенти од странство каде што секоја точка, вклучително и оваа ја има во договорот. Кога се работи со македонски клиенти, од старт нивниот пристап е поскептичен, дури и за компании, а да не зборувам за поединци. Искрено ниту еден македонски клиент не ми уплатил 50 проценти од сумата без да видат ништо сработено. Мој совет е да имате посебен пристап и да се уплаќа по фази. Прва фаза да речеме 30 проценти, втора кога имате почетни драфтови и решенија за сите барања и клиентот првично ги одобрил, исто 30 проценти и на крај 40 проценти кога целосно сте ги добиле средствата, а вие сте ги пратиле сите спремни потребни дизајни.

3. Започнување без договор.

Под договор мислам писмен договор, со сите обврски детално објаснети и потпишани. Усен договор не прифаќајте воопшто, или во ретки случаеви ако се работи за ваш редовен клиент.

011-funny-photos

4. Започнување без дефинирање на барањата

Ако треба „изгубете“ 2-3 дена повеќе, меѓутоа секогаш прво мора да го разберете клиентот и што точно бара од вас, што да очекува од вас и до каде се вашите очекувања. Имајте в предвид дека не секој клиент ги знае компјутерските и дизајнерски термини, и може да бара едно а да мисли на друго. Да не се најдете во ситуација за работите неколку недели и на крај клиентот да ви соопшти дека тоа воопшто не е она што барал.

5. Време на одговарање на пораки

Никогаш не дозволувајте клиентот да чека повеќе од 24 часа на одговор на негов мејл, прашање, барање и сл. Идеално би било да не чека повеќе од 8 часа, а за новите потенцијални клиенти кои бараат понуди ако можете и побрзо.

6. Постојано прифаќање на проекти и задачи

Доколку имате доволно работа, и целиот работен ден, па дури и викендот ви е пополнет во наредните неколку месеци, тоа значи дека треба да престанете да прифаќате нови ангажмани. Сосем е в ред да соопштите на клиентот дека сте зафатени во наредниот период, и кога ќе сте слободни. Премногу работа може од прва ви изгледа и добра заработувачка, но поради тоа ќе трпи квалитетот на вашата работа, и на крај кога ќе видите со повеќе клиенти вие сте „изгубиле“

030-funny-photos

7. Дополнителни барања - дополнителни трошок

Секое ново барање на клиентот кое излегува надвор од првично договореното и бара дополнително време, навремено соопштете му го на клиентот. Да не се најдете во ситуација кога вие сте ги вкалкулирале на крајот, а клиентот со право ви каже дека не знаел дека тоа е есктра трошок.

8. Не оцрнувајте клиент или колега

Никогаш, ама баш никогаш, не оцрнувајте и давајте лоши критики на клиент со име, колку и да бил лош и да сте имале лошо искуство. Истото важи и за ваши колеги фриленсери, блогери и слично. Личните навреди се најниско што може да падне секој.

9. Немате резервен фонд

Колку и да сте добар фрилсенсер, имајте на ум дека е можно не секогаш да имате работа, може да се случи и со недели да немате воопшто никаков ангажман. Работата како фриленсер не значи и постојан ангажман, а со тоа не значи и стабилен и постојан приход секој месец. Во периодите кога имате послабо работа, мора да имате на страна доволно средства за да се преживее тој период. Бидејќи трошковите, сметките, ратите, кредитите не чекаат, само се зголемуваат. Под средства не подразбирам приход, туку заштеда, дома или во банка.

055-funny-photos

10. Место за ваша лоша навика

Оваа точка ја оставив за сите фриленсери да споделите некоја ваша лоша навика, во коментарите подолу.

Низ нашето искуство во работата како фриленсери посебно на почетокот сме правеле многу

грешки. Во пракса секој има по некоја лоша навика. Разликата е во тоа како таа влијае на нас и

како се справуваме со нив. Фриленсерите посебно прават грешки со клиентите и односот со нив.

Понекогаш иако свесни на почеток за некој пропуст мислиме дека со тек на време и низ

соработката работите ќе се подобрат и ќе се поправат сами од себе. Проблем настанува кога не оди

според планираното и една грешка води кон друга, и така во круг.
Еве неколку грешки кои ги правиме и кои треба да ги знаете уште на старт:
коментари (5)add comment

dejant said:

0
...
ja bi dodal deka e losho ako frilenser ne se sretne lichno so klientot,normalno ako se od ista zemja,toa znachi mnogu za sekoj potencijalen klient
ноември 05, 2010

Zoran said:

0
...
Добра тема за разговор, но јас сметам дека во Македонија потребно е да се решат некои работи за да се зборува за фер фриленс пазар.
Повеќето сајтови направени во Македонија се многу лоши, во смисла на тоа што се правени во стар стил, многу ретко се наоѓа сајт кој има модерен код, кој е оптимизиран за пребарување, константно се оптимизира со помош на Google апликациите итн.
Значи правењето на еден сајт не завршува со самото пуштање на сајтот во продукција, сите знаеме со каква брзина се менуваат веб стандардите ама кај нас тоа и како да не се забележува, додека пак од друга страна проблем е да натераш Македонски клиент да верува во погоре спомнатите работи и сето тоа како резултат на компании/фриленсери кои нудат ефтини услуги и готови страни за 4,5 дена.
Решение би било еднаквост на пазарот но и нудење на квалитет во исто време. Да постојат просечни цени за секој вид на проект. Да се едуцират клиентите за фактот дека веб сајтовите се многу повеќе и доколку би се одржувале и користеле правилно би можеле да бидат многу корисни.

Лоша навика е да се нуди ефтина услуга за сајт или да се креира лош сајт, затоа што бил платен ефтино.

Лоша навика е доколку се работи со клиент кој нема познавање од веб и да се лаже истиот.
Напротив, треба да му се објаснат сите можни опции кои би му помогнале на некој начин, затоа што ти продаваш услуга (муда за бубрези) и мора да му ја објасниш на клиентот на начин кој тој би ја разбрал и би се осеќал сигурно и не би зажалил доколку треба да плати плус. Во ваков случај клиентот ќе се осеќа сигурно со тебе и ќе добиваш искрени препораки кај негови познаници, во друг случај, таков клиент кога тогаш ќе научи повеќе работи за веб и ќе дознае дека бил излажан.

Лоша навика е да договараш проекти преку 3то, 4то... лице кое ќе биде комуникација помеѓу тебе и клиентот. Во повеќето случаји тоа лице ќе добие повеќе пари од тебе, иако неговата работа е скоро ништо.

Не ми е намерата да вреѓам некого, туку е идеалистична и верувам дека само со квалитет во понудата во секоја смисла, ќе се крене пазарот на повисоко ниво што би било добро за оние што знаат што прават, а и за клиентите кои ќе добиваат многу подобро спаковани услуги!
ноември 06, 2010

janev said:

0
...
@zoran
фино кажано и претставена реалната ситуација кај нас. Убаво е што сите се слагаат дека многу работи треба да се решат, проблем е шо повеќето остануваат на тоа. Зашто постојано да го збориме наместо да решаваме smilies/smiley.gif
Посебно она со договарање преку друго лице е сосем на место. Е сеа не ми се десило преку 3-4 туку преку едно само, и нормално како шо пиша мора и тој да се плати.
ноември 06, 2010

Commie said:

0
...
Нефер игра од некои фриленсери (обично од почетниците). Пред некое време на форум налетав на дечко кој правеше дизајни за багателни цени 300 денари за флаер. Мислам дека треба да се организираме како фриленсери и да составиме каков таков основен ценовник за работа.
март 24, 2011

janev said:

0
...
@Commie
Да и тоа е во план, прво да направиме листа од фриленсери, некакво неформално друштво, еснаф...како сакаш. И таму да се дефинираат некои стандарди, правила, цени...све што следува. Едноставно клиентите да го ценат трудот и да почнат да препознаваат квалитет.
Тоа не значи дека ќе нема некој што ќе работи за крајно ниски цени, ама реално тоа и не се искоренува, наше е само да го „ублажиме“ smilies/smiley.gif
март 24, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons