Ное172010

PRVAquestions1
Низ својата работа како фриленсер сигурно сте секојдневно сте соочени со многу прашања од страна на клиентите. Најмногу пред да почне саммиот проект што е и нормално, но и во текот на работата. Секогаш трудете се искрено и исцрпно да одговарате на прашањата и барањата и не дозволувајте клиентот да чека многу време на ваш одговор. Секогаш на ваш негативен одговор понудете и решение и идеја како тоа може да се оствари. Секогаш претпоставувајте дека клиентот не ги знае сите технички термини и објаснувајте колку може со јасен разбирлив јазик и низ примери. За крај сигурно некои прашања кои постојано се повторуваат и со право ги очекувате од секој нов клиент. Еве ги 5-те најчесто поставувани прашања и барања од клиентите.

 

1. Ми се допаѓа ова лого/оваа веб страна...дали може да направиш исто/а?

Иако ова како дизајнери не е некое проблематично или неостварливо барање на клиентот, сепак како такви мора да му се објасни на клиентот дека копирање на друго лого на пример воопшто не е пракса, сосем погрешна тактика, а и е против законско. Или можеби е пракса кај кинескиот и турскиот пиратски пазар каде што „Адидас“ е „Адибас“ или "iPod" e "iPodd" и многу слични такви кој верувам ги среќавате секојдневно. Со тоа вие не правите свој бренд туку користите друг бренд веќе етаблиран и познат за своја себе промоција и се надевате дека муштериите поради сличноста нема да приметат и ќе грешат. Сосем е во ред да се каже дека таквото лого и сите други омилени на клиентот, може да ги земете само како референца за вие да направите нешто ново и уникатно. До сега 2 пати имам изгубено, т.е. одбиено проект на лого дизајн бидејќи бараа да биде чиста копија на веќе постоечко лого.

content

2. Зошто мојата веб страница ја нема на Гугл?

Можеби едно од почестите прашања. Штом сте ја пуштиле страницата функционална и онлајн, клиентот ја бара на Гугл. Иако не сум SEO (Search Engine Optimization) експерт, доволно е да се стави до знаење на клиентот дека ако сака да биде во првите неколку во ранг листата на Гугл, треба време и пред се повеќе средства. Или понудете и препорачајте свој колега или маркетинг компанија која се занимава и со SEO како специјална дејност, бидејќи денес тоа е цела област и наука за себе.

header

3. Дали може да биде флеш страна?

Искрено на почеток пред 5-6 години флеш веб страните ми изгледаа атрактивно и интересни, денес се помалку работам нешто такво, а и се помалку добивам такви барања. Добро би било да се кажат предностите и мааните на флеш страните на секој клиент, за да увиди дека на крај можеби е подобро и да не биде целосно флеш веб страница. Главно поради тоа што ваквите страни се поголеми за вчитување, не сите имаат брз интернет, мора да имаат понова верзија на флеш плеер, не е SEO friendly...Или уште подобро ако клиентот има доволен буџет, понудете две верзии од старт, флеш и стандардна xHTML/CSS страница.

4. Дали може сам/а да менувам содржини на веб страната?

Исто така често прашање и секогаш на место. Не секој има средства да плаќа одржување, а и вие не секогаш ќе имате време за тоа. Можеби уште на почеток според првичните барања и идеи на клиентот и сами треба да понудите можност за сами да ја апдејтуваат страницата, или да имаат луѓе за тоа. Ова посебно е барано во последно време откако Фејсбук и Твитер е секојдневие за многумина, и како што сами објавуваат настани на Фејсбук или споделуваат содржини на твитер или свој блог, сакаат да имаат со право и контрола врз нивните содржини на веб. Значи одговорот на прашањето треба да е секогаш ДА и нормално ова да биде регуларирано со посебен член во договорот. Без разлика дали е Вордпрес, Џумла, Друпал како попознати или некој помалку познат CMS секогаш позитивно одговарајте на ова барање.

yell

5. Дали можете вие да ставите слики и напишете текст за веб страната?

Ова барање го добивам до ден денес и тоа најповеќе од македонски клиенти. Дали поради презафатеност или глумење на истата не сакаат или немаат време да ви ги достават материјалите за веб страната. На ова обично одговарам позитивно, со тоа што им нудам опција да ми достават материјали макар и во печатена форма, од обичен статут на фирма до нивни рекламни материјали и слично и сам да склопам соодветно претставување онлајн. Исто така и опција јас да фотографирам она што мислам дека е потребно да има самата веб страна. На крај секогаш давајте до знаење дека ова се дополнителни трошоци бидејќи нормално трошите работни часови. Се случувало самите клиенти да се согласат сами да достават потребни материјали откако ќе видат дека цената е повисока. И внимавајте, не е исто ако фотографирате фризерски салон, со локална продавничка и фотографирање на сите продукти и потоа оптимизирање. Иако изгледа лесна работа ако не сте го правеле ќе се изненадите колку драгоцено време може да ви одземе.  

За крај слободно споделете кои се најчестите прашања и барање што вие ги добивате од вашите клиенти.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons