Дек022010

034-funny-photos
Како фриленсери сигурно до сега сте се нашле во ситуација да работите не само за клиенти од Македонија, туку дали преку реклама или препораки и за странски клиенти. Всушност тоа е една и предноста, целиот свет е ваш потенцијал пазар.


Сигурно повеќето од нив не знаете ниту како изгледаат, можеби им го немате ниту гласот слушнато, туку само со моќта на имејлот вие успевате да реализирате цели проекти.

Освен ова, интернационалниот фрилсенсинг има и други битни карактеристики и особини кои мора да ги знате пред да почнете со работа. Пред се за ваша сигурност.

Прво се разбира е можната јазична бариера. Замислете да работите за некој од Египет. Овде решението е англискиот како есперанто за полесна комуникација. Или во ретки случаеви доколку и клиентот и вие подобро знаете германски, француски или друг светски јазик.

05.1104.cartoon_large

Кога веќе тоа е воспоставено и одлично функционира, побарајте првиот состанок, во овој случај виртуелен да го направите доколку е можно преку Скајп или било кој друг сервис. Тоа многу ќе ви ја олесни имејл комуникацијата подоцна. Сите детаљи околу работата запишувајте ги или снимајте си го разговорот за подоцна. Секој нареден разговор однапред договарајте го, и се разбира внимавајте на временската разлика.

1018_fire-client-rude_485x340

Втора, многу важна работа за странски клиенти е наплатата. Не дека ова не е проблем и со македонските клиенти. Откако ја прифатиле вашата понуда и ве одбрале за нивнопт проект, секогаш барајте плаќање одреден процент однапред. Авансот е ваша гаранција дека клиентот нема да се откаже и дека работата нема да ви биде залудна. Потрудете се цените да им ги конвертирате и дадете во нивната валута.

_1291170708738

Трето, праќање на пари. Во денешно време не дозволувајте ниту пак нудете како опција клиентот да оди во банка и да уплаќа на ваша сметка. Во вакви случаеви, најбезбедно, најпрактично, а и најбрзо е преку онлајн сервисите наменети за тоа. Клиентот сака кога може само со кредитна картица да ви уплати, без да се помести од столица, како и за сите други плаќања. Paypal на прво место, иако официјално Македонија ја нема, понатаму Moneybookers или трета опција се сервисите за брз трансфер како Western Union. Само доколку ниту една од овие опции не е погодна за клиентот, што до сега ми се нема случено, останува опцијата за трансфер преку банка. Штом ги добиете парите може да почнете со работа.

Понатаму друга важна работа што однапред треба да се дефинира е дали ќе наплаќате од работни саати или од проект. Од мое искуство за повеќето сум работел од завршен проект. На овој начин самите клиенти се посигурни, а и најмногу поради фактот што не може реално да ве гледаат и знаат дали навистина сте сработиле толку саати колку што сте побарале на фактура.

024-funny-photos

Во текот на работата, посебно со нови клиенти од земји кои не се познати за вас, бидете спремни на многу забелешки и корекции. Она што моментално е тренд и модерен дизајн кај нас можеби во некои земји како на пример Белорусија, Исланд...е неприфатливо. Оставете простор и време да го пронајдете токму стилот што клиентот го бара. Разликата во култура и традиција може да биде огромна. И само една боја во друга култура може да има друго па можеби и навредливо значење. Посебно внимавајте доколку имаат специфични стандарди, да речеме како се користи арапскиот фонт и сл.

За крај, ако клиентот е задоволен од вашата работа, тоа е ваша најдобра и бесплатна реклама надвор.

Слободно во коментарите споделете ги вашите искуства и совети.

 

коментари (5)add comment

zeroSignal said:

0
...
Моето искуство со странци е прилично позитивно. За разлика од нашите „клиенти“, странците со кои што сум работел (барем до сега) однапред спремаат пари за тоа што сакаат да им се направи. Нормално, прво се договараат детали, па цена. Во кратки црти:

- Ако првпат работам со клиент, барам процент однапред, или некоја escrow варијанта (ала elance).

- Ако веќе сум работел со клиент 2-3 пати, и се покажал како редовен плаќач, не барам пари однапред. Тоа им дава на нив ваљда некое чувство на почит кон нив и доверба кон нив, па се поопуштени.

- И кај нив и кај нас има тупаџии кои се мешаат во работата. За среќа, има и разбрани клиенти кои знаат што знаат а што не, па ми оставаат на мене да донесам одлуки, итн. Фала богу, на нив е финалната одлука, ама стекнатата доверба во моите одлуки прави јас да се чувствувам добро. smilies/smiley.gif

- За плаќање, постојат уште две опции. Едната опција е да регистрираш фирма и да издаваш легални и нормални фактури, па и на странци. Ова си има и позитивни и негативни страни. Втората опција е Payoneer, кој ти издава дебитна картичка од метабанка, и клиентите можат да ти префрлат пари директно на картичката, а ти најнормално да си ги извадиш на банкомат (мада и ова е точка на дискусија, али за тоа друг пат..).

- Скоро во сите случаи цената била за цел проект. Тука веќе во игра иде и твојата способност да бидеш реален со тоа колку време ќе ти треба да завршиш проект, па со тоа да дадеш и цена. Ако заебеш, биди фраер, прегризи и продужи даље, договор со клиентот си е договор со клиентот - нема дигање цена. Ова е све до искуство.
декември 02, 2010

janev said:

0
...
Одлични совети smilies/smiley.gif
Тоа е можеби најважното што ти даваат слобода и скоро секогаш за нивна идеја прашуваат што ти мислиш, дали е добро, за разлика од нашиве кај шо секој е дизајнер, и некад може да баррат корекции само ако на ќерката на газдата не и се свиѓала бојата.
За Payoneer сум слушнал, меѓутоа не сум пробал. А и немало потреба, она шо функционира зашто да се менува smilies/smiley.gif мада да се има уште една опција не е на одмет.
Сосем се согласувам со последниот параграф, едноставно треба искуство за некои работи а не на памет работа.
декември 02, 2010

zeroSignal said:

0
...
Имам еден македонски клиент, со кој од Јануари (!!) се договараме за дизајн. Конечно се договоривме пред неколку недели, и од тогаш ги бркам за материјали..
декември 03, 2010

paypal said:

0
...
Paypal во Македонија официјално стартува наредната година. Дотогаш, слободно може да се користат услугите на Paypal (испробано е и функционира и за плаќање и за повлекување пари на картичка). Единствено што ви треба е Visa Electron дебитна картичка од Тутунска Банка, и при правењето акаунт на Paypal да ставите Словенија во местото за земја.
декември 03, 2010

janev said:

0
...
да знам за таа опција преку Тутунска, меѓутоа јас ја имам правено многу поодамна на друг „начин“ и сеа можам да примам но не и да повлекувам пари smilies/smiley.gif
Сега ми истекува скоро оваа, па наредната ќе пробам преку Словенија.
декември 03, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons