Дек062010

inc-india-spl-feature-in
Фриленсерите добро знаат дека некои клиенти знаат навистина да бидат "pain in the ass". И покрај сите ваши намери за добра доработка, обидите се залудни. Наместо да го губите времето со нив, на време (т.е пред или на самиот почеток на проектот) дајте им до знаење дека не би можеле да соработувате. Оваа работа, после зголемувањето на тарифата е една од „пострашните“ и стресни за секој фриленсер. Но, доколку успешно сте ја направиле на крај ќе бидете поискусни и поспремни за понатаму.
Еве една листа која ќе ви помогне на прашањето „Кога е време да кажете НЕ и да ја прекинете соработката или воопшто да не ја прифатите работата?

1. Кога клиентот ќе ви пристапи со некоја реченица од типот како “Тоа е лесно, брзо ќе го направиш, и онака компјутерот ја прави целата работа“.

2. Кога клиентот ќе ви врати дизајн со образложение дека на неговата сопруга не и се допаѓа и не се вклопува во новата боја на гарнитурата во дневна.

3. Кога сработеното ви е срам да го прикажете како ваше портфолио.

4. Кога се вртите во круг, односно и после 10 корекции на фонтот на пример, вие пак се враќате на првиот и клиентот вели тој е тој што го барав.

5. Кога клиентот за секоја мала ситница ве бара и по 10 пати дневно, како да сте негов резидент дизајнер на неговата компанија.

6. Кога клиентот мисли и се однесува како да ви е единствен клиент.

7. Кога заради фрустрациите, паниката и нервозата од еден клиент трпи и има лошо влијание работата на сите останати.

8. Кога за вашиот дизајн нудат да ви платат со компензација.

9. Кога клиентот ви дал отказ и не ви платил а потоа пак бара ваша помош.

10. Место за ваш пример, слободно споделете во коментарите подолу, во кои случаеви вие не прифаќате работа.

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons