Дек102010

PRVA03-holiday-freelance
Голем број на празници и неработни денови наближуваат. Новогодишни и божиќни празници, јадење, пиење, забави, гости, денови за одмор помеѓу...со еден збор многу „неработни“ денови. Период во кој секој фриленсер мора добро да го испланира времето.

Неколку совети доколку не сте почнале, иако веќе е време.

СИНХРОНИЗАЦИЈА СО КЛИЕНТИТЕ

Задолжително известете ги вашите клиенти за кои периодов работите, а и сите останати за вашите планови околу Нова година т.е. кога нема да работите. Пред да го направите ова, доколку имате стриктни рокови (а овој период на честитки, календари и слични новогодишни дизајни секогаш е така), вашите неработни денови нека бидат во консулатции со нив. Многу ќе ви олесни доколку знаете колку и кои денови клиентот нема да работи, т.е. нема да бара до вас работа. Не сакате сигурно некој да ви бара нешто итно на 1-ви јануари.

Ова посебно ваши доколку имате и странски клиенти и празниците не се совпаѓаат, како примерот со Божиќ. Значи на католичкиот Божиќ, 25-26 декември, вие може ќе работите, но секако имате право да побарате да не работите на 7-ми јануари. И запомнете не сите нации како ние македонците имаат толку многу празници, т.е. неработни денови, па згора на се и ги спојуваме.

holiday-dilemma1

РАБОТНИ СААТИ

Сигурно на 3-ти или 4-ти јануари нема да може да работите како сега, т.е. ќе имате помалку работни саати. Затоа тие треба да ги надокнадите сега, или после празниците. Бидејќи трошоците првиот месец од годината се секогаш најголеми.

ПОДАРОЦИ И ПОПУСТИ

Во знак на благодарност и почит спрема вашите лојални клиенти не заборавајте да им пратите подарок. Подарок мислам електронска разгледница, попуст или пак некој ваш дизајн гратис. Понудете да им ја разубавите веб страницата со новогодишни мотиви, банери и сл. Ако ви нарачале роковник, наместо планирани 100 направете 20-30 повеќе гратис итн.

РАБОТАТА СЕКОГАШ СО ВАС

Доколку сте одлучиле некој продолжен викенд за празниците да поминете на планина, секогаш носете барем последни фајлови од моменталните ваши дизајни, значи лаптоп обавезно и како бекап секогаш имајте дел од фајловите и онлајн, за да имате приста од секаде. Ако нема интернет, добро би било да имате решение и за тоа, за во случај да треба итно да администрирате веб страни на ваши клиенти.

 

За крај, празниците се предизвик за секој фриленсер. Но, тие се и за ужување, одмор и релаксација, нешто што можеби го чекате цела година. Ако имате добра комуникација со клиентите и сте флексибилни, сигурно периодов лесно ќе го поминете и ќе биде искуство повеќе за наредната година. Не само што ќе одморите туку и ќе спечалите екстра профит.

ff84_holidayfreelance20081

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons