Дек292012

scgfbf-04
Годинава завршува за неколку дена. Време кога обично се прави рекапитулација за  поминатата година и одлуки и ветувања за наредната. Според тоа што сте сработиле, научиле, искусиле...ја оценувате како успешна или неуспешна и се она што не сте можеле веќе го префрлате во агендата за наредната година. Во правењето на таа листа ќе ви помогнам со неколку идеи доколку сте графички или веб дизајнер фриленсер.

1. Ако сте графички дизајнер, научете веб програмирање, барем основите на HTML/CSS и обидете да направите прва ваша веб страна.

2. Ако сте веб дизајнер, сами дизајнирајте си ја визит картата или свое лого.

3. Ако знаете добро Фотошоп, научете Илустратор или Индизајн, и обратно ако работите векторска графика научете повеќе ефекти во Фотошоп.

4. Доколку немате задолжително креирајте си Твитер профил и активно користете го.

5. И не само Твитер, вклучете се и во други друштвени мрежи.

6. Ако сте фриленсер, време е да ја покачите тарифата, кризата помина.

7. Ако имате фул тајм работа, пробајте да ја замените со фул тајм фриленсинг. И обратно.

8. Ако сте графички дизајнер, направете дизајн со бои кои не сте ни замислувале.

9. Ако немате свој блог, време е да си креирате и активно постирате.

10. Направете ревизија и селекција на вашето портфолио.

11. Редизајнирајте го и обновете го вашето CV.

12. Ако немате онлајн портфолио задолжително направете си, или ако немате принтано портфолио исто така.

13. Почнете да штедите за нов монитор, нов Мек или дрѕга опрема.

14. Научете сами да си бидете PR и како да се рекламирате.

15. Научете да бидете потрперливи посебно со новите клиенти.

16. Посветувајте доволно внимание и дизајнирајте и за своја душа, не само за клиенти.

17. Патувајте почесто. Патувањата и откривањето на нови места се одлични за инспирација. Дизајн и ИТ конференциите се место за нови контакти и секако потенцијални клиенти. И секогаш носете нешто за скечирање, тетратка или таблет сеедно.

18. Научете повешто да го браните својот дизајн со аргументи и бидете поуспешни во убедувањето на нови клиенти. Во тоа ќе ви помогнат дизајн натпреварите.

19. Време е да си ја преуредите собата или канцеларијата по ваш вкус.

20. И за крај, дајте се од себе, сите точки и резолуции погоре да ги пречкртате за да може 2013та да ви биде најуспешна година.

 

awake


Слободното дополнете ја листава со ваши резолуции за наредната година коментирајќи подолу. 

 

 

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons