Дек272010

200
Пред крајот на оваа година, еден мал јубилеј на ДЕЗЕН, стигнавме до постот број 200 !

Неофицијално блогот почна со работа од 22ри Јули 2010, што значи за помалку од 6 месеци се објавени 200те поста.
На почеток започна како личен дизајн блог, за да споделувам интересни содржини, за понатаму да продолжи како блог за фриленсери, прв од ваков тип кај нас, каде што освен споделувањето содржини имаше и мои совети посебно за оние што работат дома. Ова донесе значително зголемување на посетите што го искористив како една база за спојување на македонските фриленсери. Моментално има околу 14000 посети месечно и таа бројка од првиот ден е во константно зголемување, како и просечно време на сајтот од 3:57 минути.

На сите фриленсери што се пријавија, околу десетмина, им беше поставен банер сосем бесплатно за себе промоција, и најповеќе за запознавање со други колеги кои имаат друга специјалност, која кога тогаш ќе ни затреба. Со тоа контактот е побрз и се разбира работата поефикасна. Идејата која ја започнав за „обединување на фриленсерите од Македонија“ имаше одличен одзив и со исто темпо ќе продолжи и наредната година, со зацртаните идеи за норми и стандарди во дизајнот и фриленсингот воопшто.

Не само што преку одредени наменски постови успеав и сеуште успевам да наоѓам клиенти, туку сакам да помогнам и на сите останати, посебно на оние што се нови и сега влегуваат во овие води. Секогаш со новини од светот на дизајнот, графика, веб, со најнови идеи за ваша инспирација, со совети за фриленсерите, од логоа до фотографирање, од фонтови до дизајн на маици...се трудев да се опфаќаат најразлични области, но секогаш најдоброто.

post_200

Освен тоа низ системот за коментирање поминаа 157 коментари, и преку 1600 споделувања на друштвени мрежи како твитер и фејсбук.

Во иднина би сакал и покрај секојдневната работа да посветам поголемо внимание. За таа цел блогот ќе биде отворен и за гостински текстови, рецензии, совети и сл. Ова веќе беше побарано од четворица македонски фриленсери и твитерџии.
Ќе има измени и во самиот дизајн, со нови рубрики, како туторијали, на македонски и лични, претежно за дизајн. Посебна секција ќе има за iPhone, гледан од софтверски и дизајнерски аспект, апликации, трикови и сл. И многу повеќе...
Како и да е, за сите новини ќе бидете навремено известени.

Тоа би било на кратко.
Ви благодарам на сите за досегашната поддршка и се надевам дека ДЕЗЕН и понатаму ќе биде ваш омилен дизајн блог. Smile

коментари (4)add comment

zeroSignal said:

0
...
Честито! smilies/smiley.gif
декември 27, 2010

Душан said:

0
...
Честито! smilies/wink.gif
декември 27, 2010

Дарко said:

0
...
Честито и од мене, ти благодарам за сите 200 постови..
ке те следам и понатаму...
декември 27, 2010

janev said:

0
...
фала на сите за честитките, и понатаму ќе се трудам дезен.мк да биде се подобар блог smilies/smiley.gif
декември 27, 2010

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons