Јан132011

1
Скопје е можеби град во кој има најмногу билборди на Балканот а и пошироко. Билборди кои се поставуваат без никаков план, без никаква идеја и замисла. Секој слободен простор, секој ѕид, зграда, буквално на троторари, тие се насекаде околу нас. Желбата за профит ги руши сите норми и принципи за естетика и урбан град. Како да тоа не е доволен минус, па згора на се и креативноста на компаниите кои се рекламираат е сведена на минимум или украдена и веќе видена идеја. Има и дебилни билброди кај нас како што е моментално онаа со „Која е Ана? и „Ова е Ана.

Подолу се само мал, сосем мал дел како изгледаат билбордите на само 3-4 раскрсници низ градот.

2

4

5

7

8

9

Крајно време е да се стави крај на хаосов. Строго законски да се регулира каде смее и каде не смее да се поставуваат, големини и сл. Бидејќи ако продолжи вака Скопје ќе биде грд град на билборди.

Само за мала илустрација погледнете како изгледаат билбордите во останатите европски метрополи.

1_absolut_ritual

3_bmw_m3

13_mammoth

15_soho

18_pattison

hotdress

interbest-outdoor-nose

KaiserBubbles

lrg-1261-penline-billboard_0

За крај погледнете неколку од подобрите мои билборди што ги имам дизајнирано.

коментари (8)add comment

Stariot said:

0
...
Добра статија.
Билбордите во Македонија, како адвертајзинг средство, имаат убедливо најслаб ефект.
Според ова, кај нас билбордите не се употребуваат за да се постигне саканата цел, туку едноставно за престиж и "курч". :-)

Еве еден билборд на Окта:

http://twitpic.com/3pmu1w

Иако се работи за локален билборд, кој рекламира новоотворена бензинска пумпа,
сепак за да искористиш фотографија од самиот Windows (мислам дека се викаше Water Lillies), треба да си... не знам. :-)

Со оглед на квалитетот на другите билборди, ова и немаше да ми изгледа толку чудно... но, кога се работи за компанијата бр.1 во Македонија, со годишен приход од околу 500 милиони евра... е, тогаш ова е трагикомично. Поточно, само трагично.

Поздрав.


јануари 13, 2011

Gianni said:

0
...
Bogami katastrofa e situacijata so bilbordite. Definitivno naj debilen do sea e toj so "Koja e Ana" "Ova e Ana" smilies/tongue.gifPP mizerija
Treba edno 90% od bilbordite da se trgnat, prvo poradi prenatrupanost a i poradi bezbednosni pricini (malite bilbordi na totalno pogresni mesta na sred pesacka/velosipedska pateka, na sred agol na krivina na ulica itn...)
A valjda ke mu tekne na nekoj da smeni nesto t.e. zakonski da izreguliraat za dozvolite i slicno.
јануари 13, 2011

janev said:

0
...
@Stariot дефинитивно ефектот е се послаб, не знам само зашто најголемите мк компании уште трошат многу пари за ваков вид маркетинг. Ги брендираа и зградите и паркинзите и улиците...све е реклама.
А ова за ОКТА е стварно срам и трагедија како што пиша. Срамот е помал ако го има направено 10-годишниот син на швалерката на генералниот, али огромна трагедија е ако некоја маркетинг агенција има наплатено дебели пари.

@Gianni се додека сите т.е 2-3 фирми шо лепат билборди го кочат законот ( под кочат читај плаќаат мито на советници и сите важни луѓе) Скопје ќе биде паланка шо си мисли дека со билборди е урбан град, уште повеќе метропола. Треба иницијатива, бојкот, барања...главните татковци конечно да сфатат дека со ова се грди градот, а компаниите да направат анализи дека маркетинг ефектот на билбордот споредбено со цената е минимален. Одамна е помината линијата на естетиката и убавото и како шо пиша најмногу ради безбедносни причини. Како и многу други работи ќе се чека да загине некој, да се случи трагедија ради билборди па да се превземе нешто.
јануари 13, 2011

Милан said:

0
...
Што да праиш коа живееме во смрдено општество, каде што на секој втор чекор некој нешто кажува (се рекламира) дека неговата фирма е најбоље, дека е прва во она прва во тоа а мислам дека речиси никој не прави избор што ќе купи/каква услуга ќе користи на основа на реклами.

Мене искрено преку глава ми е од нив, дали се билборди или на тв или кај било.

Плус, народов овде има осет за уметност 0, па затоа сеедно им е дали „Окта“ ќе ги има тие water lillies од виндоус или ќе се потрудат да најдат некој што ќе направи некоја убава креација која што ќе личи.

Секако, има исклучоци.

И за крај, јас сум билбордите да се користат само за рекламирање/известување за културни и спортски дешавки а не за фирми и сл. - преку глава ми е Т-мобајл билборд на секои 2 чекора да глеам.

Поздрав smilies/smiley.gif
јануари 13, 2011

Samardziev said:

0
...
Не ги ругајте билбордите кај нас толку многу, деке не се распоредени како што треба, не се! Меѓутоа ДОБАР билбоард се приметува од далеку! Па не знам каде да е ставен!
февруари 16, 2011

daret0 said:

0
...
I kaj nas go ima Koja e Ana? Ova e Ana! Neznam so i znaci toa ali sekogas koga pominuvam od tam si mislam: so li znaci ova smilies/cheesy.gif
март 03, 2011

daret0 said:

0
...
Abe i mene me buni toa Koja e Ana? Ova e Ana! Sekogas koga pominuvam od tamu si mislam so li znaci ova sea... Stvarno ne gi biva nekoi od kompaniite dzabe pari zemaat.
март 03, 2011

anastasija said:

0
...
Taka idat rabotite koga gi dizajniraat od na sefot brat dete koe zavrsilo fakultet od sosema treta oblast, ama znae nesto i vo fotosop da cepne.
јуни 06, 2012

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons