Јан242011

PRVAmistakes1
Како фриленсери вашата работа во најголема мера зависи од вашите клиенти. Затоа треба да знаете како со нив, посебно со новите потенцијални клиенти, но и како да не ги изгубите постоечките. Секој задоволен клиент е бесплатна реклама и препорака за во иднина. Затоа вреди да се вложува во таа врска фриленсер - клиент. На повеќе токму за таа врска, најчестите грешки кои ги правиме и се разбира решенија за истите.

САМО ФРИЛЕНСЕР НЕ Е ДОВОЛНО

Како фриленсери колку и да сте добри дизајнери, програмери, фотографи...не е доволно. Ако сте дизајнер и ако знаете само дизајн, колку и да сте добар, во денешно време не е доволно, и не очекувајте вашата кариера да напредува. Постојано мора да се надградувате со нови технологии, научете веб програмирање, CMS и сл. Со ова автоматски ја дуплирате вашата понуда кон новите клиенти а со тоа се разбира и вашата заработка. Пример ако клиентот побара лого и визит карта, а нема веб страна и никаков план за онлајн маркетинг, тука е вашата шанса плус за понуда на целокупно брендирање, посебно ако е нова компанија. Со тоа му олеснувате и на самиот клиент да не бара дополнителен фриленсер или фирма за изработка на дополнителни рекламни и бренд материјали. Едноставно за се поврзано со дизајн тој ќе има само еден главен човек и ако се покажете како добри, не само од аспект на квалитетна изработка, туку и во целокупниот однос со клиентот, вие имате клиент на подолг период, кој може автоматски да носи нови клиенти.

desk-small

За градење на тој однос и стекнување доверба, понекогаш колку и да сте разноврсни во она што го работите, мора да сте уште подобри во менаџирање на проектот. Значи од временски рамки, финансии, менаџирање со време, целосна посветеност... Секако не очекувајте ова да го правите без грешка уште од првиот клиент, ќе правите многу грешки, но поважно е она што ќе научите од самите грешки. Секоја една грешка, секој еден клиент е искуство повеќе.

МОРА ДА ПРЕДВИДУВАТЕ ОДНАПРЕД

Колку повеќе клиенти имате, и повеќе години искуство позади себе, вие постепено се стекнувате со уште една вештина, однапред знаете да ги предвидите потребите и барањата на клиентот. На пример, доколку ново отворениот ресторан во твоето маало, ви побарал дизајн на менито, вие веќе однапред знаете дека за кратко време ќе треба и флаери и лифлети за промоција, онлајн маркетинг по друштвените мрежи и сл. и се разбира однапред се нудите да го изработите и тоа. Доколку се тоа е прифатено од клиентот не заборавајте да понудите попуст или изработете гратис визит карти или што и да мислите дека е потребно во тој момент. Бидејќи како што пишав многупати досега „секој клиент е различен“.

tumblr_lde3vpZZdo1qe1i3l

ФРИЛЕНСЕР НЕ ЗНАЧИ И РАБОТА 24/7

Можеби една од најчестите грешки кај нови но и веќе искусни фриленсери. Повеќе проекти во исто време, состаноци, праќање понуди, корекции на сработеното, маркетинг планови, промоции, неспиење...на крај гледате дека вие последните неколку месеци сте работеле буквално цели денови и ноќи и се чувствувате физички и психички исцрпени. Ова е како нож со две острици. Го нарушува вашиот биоритам и здравјето во целина од една страна, а од друга страна креативниот процес е сведен на минимум, немате волја ниту инспирација за нови проекти. Не заборавајте дека сите фриленсери, посебно доколку сте дизајнери, пред се треба да покажат креативност, а за која треба одмор и опуштеност на целиот организам. Не секогаш лесно се наоѓа инспирација и поттик за да дизајнирате нешто ново.

rockstar

АКО СТЕ ФРИЛЕНСЕР НЕ СТЕ РОКСТАР

Според анкетата поставена на ДЕЗЕН, најмногу од вас одговориле дека одбрале да бидат фриленсери за „поголема слобода“. Се согласувам потполно со ова, но ова не треба во никој случај да се „злоупотребува“. Ако немате стриктно време за работа, ниту шеф над глава, не значи дека може секој ден да одите на спиење во 4 сабајле и да станувате наредниот ден во 4 попладне. Можеби на почеток звучи и изгледа како неоставрен сон што секој го посакува и ви завидува, но ако го практикувате ова, ќе ги изгубите клиентите и за брзо ќе банкротирате. За да не дојде до тоа, одржувајте работна рутина и навика, не оставајте клиентите да чекаат и ако ви остане слободно време тогаш може да опуштите и да уживате во благодетите што фриленсирањето ви ги нуди.

Слободно во коментирате споделете некоја ваша грешка што често ја правите со вашите клиенти.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons