Мар282011

PRVA
Работата како дизајнер, без разлика дали сте веб дизајнер, дизајнер на облека или автомобили е доста барана и ценета во цел свет. Вие создавате од нула, и сте креатори на нешто што е користено или видено од милиони. Како и сите други професии и дизајнерските се поврзани со неколку митови. Па да пробаме да разбиеме неколку од нив :)

1. Можеш да бидеш дизајнер само ако си завршил школо за тоа.

Веднаш ќе кажам дека ова е сосем неточно. Искрено повеќето од колегите дизајнери што ги познавам се самоуки или завршиле високо образование во сосем друга сфера. Дури и нивото на образование воопшто не е пресудно. Од старт најважен е талентот кој кога тогаш ќе избие на површина. Ако токму ова го сакате тогаш ништо не може да ве спречи, ниту немањето средства, ниту потребна опрема...посветеноста и упорноста на крај секогаш се исплати.

Creative_humor_9

2. Ако сте завршиле курс за дизајн вие сте професионалец.

Ова се надоврзува на првата точка. Ако имате завршено курс, обука, средно или високо образование во сферата на дизајнот тоа автоматски не ве прави професионалец во вашата област. Да, вие ја имате основата, ја знаете теоријата, стандарди, правила...но сега доаѓа потешкото, како сето тоа ќе го употребите во „реалниот“ свет. Професорите не ве учеле како да пристапувате кон сите типови на клиенти, ниту како е да се работи тимски во компанија. Тоа се стекнува само на еден начин - со работа. Вие може колку сакате да се фалите со вашата диплома од престижна школа за дизајн во Европа, но што корист ако не знаете како да комуницирате со клиент и како да ги завршите неговите барања.

3. Јас знам Фотошоп, јас сум дизајнер.

Интернетот денес овозможува пристап до многу ресурси кои порано не беа достапни. Кај нас Фотошоп како програм е прв синоним за дизајн, ако знаеш Фотошоп ти може да си дизајнер. Но, во пракса не е така. Ако сте изгледале неколку туторијали, сте научиле неколку трикови и ефекти...не ви дава за право да се нарекувате Фотошоп експерт. Знам луѓе во дизајн круговите што работат Фотошоп можеби преку 15 години и сеуште велат дека уште го учат. Дизајнот не е Фотошоп, за тоа треба многу повеќе. Инспирација, идеја, креативност...дури на крај реализација во Фотошоп.

Creative_humor_10

4. Секој клиент е лош.

Ова е мит, посебно меѓу фриленсерите. Има мал милион веб страници каде дизајнерите даваат примери со какви клиенти се среќавале. Ќе ви спомнам само една http://clientsfromhell.net/
Кога почнувате на проект за некој клиент мора да сте свесни дека клиентот е тој што ви носи финансиски средства, посебно ако работите фриленсер фул тајм. Да, понекогаш клиентите со своите луди барања знаат да бидат "pain in the ass" но токму тоа е ваше искуство за понатаму или како еден другар што милува да каже, формира крокодилска кожа. Мора да бидете трперливи, толерантни и флексибилни. Но, ставете се во улога на клиент, не верувам дека сте нешто подобри, барем јас би бил ужасен клиент :)

5. Мојот дизајн е совршен.

Голема грешка што ја прават посебно почетниците. Само ако сте го направиле дизајнот по некакви правила и стандарди, боите се правени по шема, сите елементи, форми, баланс, контрасти се склопени...и пак на крај може клиентот да го одбие. Зошто? Прво, затоа што ,не очекувајте клиентот да ги знае овие работи, па макар и објаснувате дека ова  е тренд во светски рамки итн итн. Во овој случај вашето его ве чинело губење на клиент. Еден од клучните особини на секој дизајнер е да знае да прифати критика. Ако не ја цените критиката и врз база на тоа се развивате, тогаш нема никогаш да одите напред. Уште повеќе ако сте фриленсер. Прво треба да знаете да ги сослушате барањата на клиентот, за да може да ги реализирате. Со ова не велам дека клиентот е секогаш во право, но ако погледнете пошироко од нив зависи каде ќе отидете на следен летен одмор.

Creative_humor_20

6. Денес компјутерот е доволен за дизајн.

Ова најмногу се однесува на непочитувањето од страна на клиентите. Колку ли пати сте слушнале до сега „Тоа е лесно, и онака компјутерот ти завршува цела работа„ или „Ма ајде тоа за тебе е 5 минути работа, имаш добар компјутер“ или можеби најлошата варијанта „Тоа и јас знам да го направам меѓутоа немам време“. Обично тука завршува „соработката“ со ваквите клиенти или само му нудите од каде да си купи Dreamweaver за да си ја направи веб страната или конфигурација на супербрз компјутер за да ве убеди дека тоа е доволно.
Компјутерите се само алатка што го забрзува процесот на дизајн или програмирање и толку. Секогаш прво е битна идејата, па знаењето да се изведе. Бидете и експерт за 3Д ако немате идеја  - џабе.

project_name

7. Лого се прави за 15 минути.

Како пример го земав дизајнот на лого бидејќи некако во последно време најмногу такви барања имам. Нешто што научив е како клиентите, посебно македонските размислуваат во врска со тоа. Колку е помало, полесно и побрзо се дизајнира. Така некако оди и со цената. Билбордот би требало да е најскап, а логото најевтино :) И дека е доволно лого на билборд за да имаат бренд.
Ако билборд се прави за 5 часа, тогаш по логиката логото би требало да се дизајнира за 5 минути.
Често добивам коментари во стилот „Ти требаа 10 дена за да го дизајнираш ова?“ Мора да им објасните и до некое ниво едуцирате клиентите дека за да дојдете до финалниот избор вие сте поминале неколку фази. Инспирација, скечирања, скенирање, прецртување, па верзии, варијации, бои, фонт...за од некогаш повеќе од 50 комбинации одберете само една. Барем така би требало да се работи, иако знам „дизајнери“ што веднаш седнуваат пред компјутер и тоа почнуваат со Фотошоп.


Слободно надополнете ја низата со ваши примери за митови за дизајнот воопшто.

 

 

Работата како дизајнер, без разлика дали сте веб дизајнер,

дизајнер на облека или автомобили е доста барана и ценета во

цел свет. Вие создавате од нула, и сте креатори на нешто

што е користено или видено од милиони. Како и сите други

професии и дизајнерските се поврзани со неколку митови. Па да

пробаме да разбиеме неколку од нив :)

коментари (7)add comment

Marjan said:

0
...
Баш пред некој ден имав ужасна клиентка од Лондон - ама стварно да не знае што сака и мисли дека ако сака да сменам една буква, во сите 8 флеш банери што ги правев, тоа се прави за 5 минути. Работев три недели и склепав преку 50 корекции...smilies/smiley.gif
март 28, 2011

Georgij said:

0
...
Епа тоа е. -.-'
март 29, 2011

janev said:

0
...
@Marjan
многу чест случај. Според мене две опции: или да се наведе во договорот колку корекции и варијации се можни и влегуваат во цена или секое дополнително барање да се наплаќа дополнително. Тогаш сигурно нема да си дозволи да има 50 корекции.
март 29, 2011

Владимир Барлакоски said:

0
...
@Marjan Кога си фриленс, понекогаш неможеш баш да ограничиш број на корекции. Но мојот совет е (доколку банериве ти се еден дизајн во 8 различни димензии) правиш еден, го даваш за одобрение, и кога имаш фајнал ОК, па продолжуваш останатите.

Ако после тоа има корекции, во фактурата, педантно ќе ставиш дополнителни часови корегирање.

Но во крајна сметка, сето ова во најчестите случаи е розова приказна smilies/smiley.gif
март 29, 2011

Viktro said:

0
...
Последната реченица од текстов "Барем така би требало да се работи, иако знам „дизајнери“ што веднаш седнуваат пред компјутер и тоа почнуваат со Фотошоп."
Лого не се работи ви Фотошоп smilies/wink.gif
април 19, 2011

janev said:

0
...
Viktor bash toa i mi beshe poentata,i zatoa i dizajneri e vo navodnici.
април 19, 2011

Јас said:

0
...
Мојата крокодилска кожа одамна ја одраа па се одкажав од едуцирање на клиентите зошто логото чини толку и зошто одзема толку многу време, луѓето знаат што е убаво и што сакаат па поголемиот број ќе се вратат, а ти ќе си имаш мирна душа smilies/smiley.gif Е сега тоа што имаат потреба да биде по нивно па макар тоа било и една точка на она што вие сте го креирале е сосема друга проблематика smilies/smiley.gif))
јуни 27, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons