Мар302011

prva3850601036_ef0dd4511c_b
Сигурно како фриленсер ако работите дома имате одвоено место во станот што претставува ваша домашна канцеларија. Таму поминувате голем дел од вашиот ден и затоа е многу важно да се чувствувате пријатно во таа средина. Уште повеќе доколку вашата работа е поврзана со било каков дизајн и е од креативна природа.
Еве неколку совети како тоа катче го направите инспиративно, а и неколку одлично средени домашни канцеларии.

1. Стил.

Потрудете се колку што е можно вашата канцеларија да го отсликува и вашиот стил. Ако сте цртач на графити и уживате во нивно опкружување тогаш слободно ѕидовите може да ги направите со графити. Ако сте фотограф, неизбежно е да имате неколку врамени парчиња со тематика која најмногу ја работите. Најважно, хаосот и неуредноста не е стил. Тоа е само знак дека или имате премногу работа или премногу сте мрзеливи. Искрено додека работев по разни компании и дизајн студија, бироата секогаш ми биле во хаос, расфрлани листови насекаде, принтови, стикери...еден вид „креативен хаос“ во кој одлично функционирав и работев. Обично се привикнуваме на таквата средина, што ако ни фали само еден лист, или ако пенкалото е поместено ние и во целиот тој хаос го забележуваме тоа веднаш :)
Ова не смеете да си го дозволите, посебно ако имате состаноци и средби со клиентите и дома.

2. Бренд.

Вашата канцеларија е слика за вашиот бренд и имиџ кој се трудите да го изградите како фриленсер. Сето ова брзо може да се наруши па дури и изгуби ако се покажете пред клиент како неуреден дизајнер, кој работи во несредена и нечиста канцеларија. Ова остава негативна слика во очите на клиентот, и не може да ги оправдате со фрази како премногу работа, зафатен и сл. Има една поговорка "If you lean you can clean" што во слободен превод би било „Ако може да се наведнеш тогаш може и да исчистиш“

89406428_da980d104f

3. Дизајн.

Во денешно време големите компании инвестираат многу во дизајнот и архитектонските решенија на нивните канцеларии.  Сигурно вие како фриленсери не може да одвоите голем буџет за уредување на вашата работна соба со скап мебел или гарнитури. Но, затоа може, со ситни и прилично евтини детаљи да ја уредите во ваш вкус. Само еден пример е со стикерите за на ѕид за кои пишував претходно. Нека и е нешто ситно, минијатурно како украс, но уникатно, уште подобро ако е лично ваш дизајн. И најобична полица за книги, цедиња...со малку идеја и креативност може да изгледа привлечно.

4. Опрема.

Освен што клиентот прво ќе ја забележи (не)уреденоста на вашата работна соба, тој доколку има и најмали познавања, ќе ја забележи и вашата опрема. Да, тоа не е пресудно, и ќе си речете ако сум програмер и не треба да имам најнов компјутер, но ако веќе сте решиле да работите дома инвестирајте, бидејќи тоа ќе ви се врати неколкукратно. Сигурно клиентот нема да ви замери ако немате факс машина (всушност и не знам зошто уште постои по компании)
но за кратко ставете се во улога на клиентот. Веднаш ќе добиете поинаква слика ако забележите ХД телевизор, неколку монитори, лаптопи, принтери, скенери...
Е сега кај нас, т.е. кај македонските клиенти може и поинаку да го протолкуваат. Ако има скапа опрема значи е скап и обратно. Ова е цела една тематика за која ќе има во некоја наредна прилика.

218916828_d7bee88dea

5. Инспирација.

Според некои испитувања, креативната работна средина, за било која работа, дома или во канцеларија е од огромнно значење и за продуктивноста и успешноста на самиот работник. Доколку работите исклучиво дома и сте поврзани со дизајн ова би важело и дупло. Може да се спореди доколку сте или уште работите и фул тајм и дома како фриленсер и поминувате и преку 10 часа пред компјутер. Сум имал случаеви кога работев по дизајн студија да забележам разлика во тоа каде добивам поголема инспирација и креативноста е на повисоко ниво. Пример, на работа сум добивал идеи за проекти што ги работам дома или обратно. Доаѓаме до насловот дека работната соба треба да е и ваша инспирација за работа. Доколку не е така, тогаш направете промени. Едно обично боење на ѕидовите во друга боја може за вас како креативци да има драстична разлика.

Канцеларии на неколку светски познати компании како Google, Yahoo, Twitter, Facebook, Lego, Pixar, маркетинг и дизајн компании и архитектонски студија.
6B

00000012857_750x450

33077

1295466857-lancearmstrong03-1000x664

1295548429-skype2-052-1-1000x666

1296065481-b-copy-1000x666

4435090637_fcfeeed018_o

4435864082_2a5ecefb72_o

4435864314_2703bdb364_o

4435864678_7b688bf37b_o

4435865222_d0ea047d5f_o

Contemporary_Office_Space

etsy3

google3

jwt2

LA_Loft

modern-office-interior-design-gallery-4

mountain1

pixar2

saegeling1

tbwa3

Ако сте ги испуштиле погледнете ги и канцелариите и на Викиликс.

Подолу се можеби најуникатно дизајнирани државни канцеларии на „овие простори“. Просториите се на Трговската Комора на Словенија. Споредете го ова со нашите административни објекти и ќе ви стане јасно зошто вакво нешто во наша администрација нема да видиме.

chamber1

chamber2

Погледнете дел од најинспиративните канцеларии на светски познати дизајнери фриленсери.

482114943_13d536fd92

1232011312_1278faf018

1249424647_d5a9724f00

1493362222_5d9e068e9b

1781918892_14de73065f

2254353138_75affe25d2

2277420652_7889cf8382

2292224473_20113b0862_o

2405973008_e18f118124

2451896902_137d7ed1d6

2462826008_6c15618e30

2595079332_7604c9093c

2659366371_c468083475

2951740575_4f410a42fe

3067234335_105739d034

3236597559_6fd6900317

3332534822_0d7931d392_o

3457571923_83ce05b034

3690482313_b99bf03b7b

3866662463_ba48605362

3891419513_34efe31fa3_o

3896500409_78d15638d0

4020313624_76695218d5

4099800502_f2d8d3c56a

4542877875_69ac2b28c7

4568152152_ee5cd4f8f1

4792913596_4443760d9c

4903240704_a32605eccc

5045067058_e81af542d2

5187553656_03776494dd

Еве и неколку македонски домашни канцеларии.

5434056008_5aafd192e2_b

262121354

P1010577

P3258962

photo

photo 2

My-Room-Panorama

и за крај мојата работна соба.

workspaceHD

коментари (5)add comment

Georgij said:

0
...
Па да ти кажам, не ми се допаѓа изборот на предмети во една така наречена канцеларија. Се зачудив со овие по 2000000000000000000 монитори на една маса и 2000000000000километри жици(да за Македонските зборвам). Некако не ми се допаѓа фактот што се натрупува масата. Искрено да признаам, немам јака конфигурација на компјутеров. Еден скромен 17" монитор, 40ГБ хардиск, и работата е завршена. Дури имам и неколку инсталирани игри, па пак се наоѓа место за дизајн. Не сум некој професионален дизајнер, но колку што можам инспирацијата ја користам. Џабе го пишав коментаров, ко поентата ми е дека немора многу да се расфрламе со Гаџети.
март 30, 2011

janev said:

0
...
@Georgij
Баш така, ниту мониторите ниту опремата ниту гаџетите не се пресудни за добар дизајн. Тоа е само за поефикасно и побрзо да ги реализираш идеите. Поентата ми беше како целиот простор е уреден, во најчести случаи минималистички, посебни оние на дизајнерите фриленсери, а сепак да инспирира во секојдневната работа.
март 31, 2011

Bane said:

0
...
Абе многу сте ги средиле тоа собите smilies/smiley.gif
март 31, 2011

Georgij said:

0
...
@janev , разбирам, и 10ка им давам за дизајнот. но воопшто не е потребно сето тоа. повеќе од работите на фриленсерите се превземаат преку интернет, па никој не ида да ја виде работната соба. smilies/wink.gif
март 31, 2011

angelov said:

0
...
Да нема забуни, втората слика е од мојата канцеларија @work, не дома.
март 31, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons