Апр042011

prva
Слоганот е важен дел од секој бренд. Тие неколку збора врзани за името на брендот може да бидат пресудни во маркетингот. Една добра фраза може да биде одлучувачка за тоа дали потрошувачот ќе го одбере токму вашиот производ. Толку е битно за цел маркетигн менаџмент што компаниите трошат милиони на слоган кој ќе биде уникатен и луѓето лесно ќе со запамтат. Сигурен сум дека многу слогани ги знаете на памет, а со тоа и ги поврзувате со самите брендови. Тоа значи дека од стотиците реклами, принтани, на интернет или на телевизија што ги гледаме дневно успеале да го добијат нашето внимание. Еве неколку од најпознатите светски слогани, на крај споредени со неколку наши, како една мала компарација каде сме ние на тоа поле.

slogans1

slogans2

slogans3

Нашите слогани во последни време се неинвентивни до таа мера што се косат со здравиот разум. Тука веднаш би го спомнал еден од најлошите и дебилни слогани „Да му веруваш на дедо“ на Кожувчанка. Самата реклама е приказна за себе. Врв на лошите слогани и реклами кај.

Листата е голема, да не ги споделувам сите само ќе спомнам неколку кои сум ги запамтил. Слободно споделете кои се ваши „фаворити“ во коментарите подолу.

„Сакам да какам во тоалетот на Коле“ на Glade Micro Spray

„Сите се добри ама ние сме најдобри„ на Мебел-Ви

И не заборавајте, избори се ближат, одлична почва за лоши слогани.

коментари (6)add comment

Pinky said:

0
...
Ролетар Војо, името зборува за квалитет! smilies/grin.gif
април 04, 2011

Georgij said:

0
...
@Pinky, хахахаха smilies/grin.gif
април 04, 2011

Владимир said:

0
...
Едини добри реклами ни се оние кои се интернационални... smilies/smiley.gif) сработени од друг, но ние не забораваме да ги посереме со еден одвратен voiceover.

Да му веруваш на дедо smilies/smiley.gif)))
април 05, 2011

ekstrakt said:

0
...
Иако се ретки, има и по некој пример за добар слоган кај нас. Моментално што можам да се сетам е една стара кампања на Скопско:
Скопско, и се е можно!
април 05, 2011

Taraba said:

0
...
@ekstrakt Тоа не е кампања, тоа е реалност xD smilies/cheesy.gif
април 08, 2011

Stefan said:

0
...
Слоганот на кожувчанка не е „Да му веруваш на дедо“, туку е „Кралица на водите“ што и не е толку лошо. „Да му веруваш на дедо“ е нешто како catch phrase, ама во случајов gone wrong.
мај 03, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons