Апр292011

ttafimpd-02
Искрено не познавам човек кој не сака да патува. Да оди на места на кои не бил, да истражува...запознава. Без разлика дали сте стопери, одите со автобус, авион или брод...авантурата за нешто ново е присутна. Среќавате нови луѓе, нова средина, нова култура...а се што е ново е потенцијал за нова инспирација.

Не значи дека со секое поминување на граница сте автоматски и подобар дизајнер, патувањата само индиректно може да ви го дадат тој дополнителен поттик, да ви ги наполни батериите и креативните „сокови“ побрзо да се мешаат :)

Creative_humor_22

Замислете дека 5-6 месеци сте работеле напорно, со само неколку слободни викенди. Сето ова знае да биде исцрпувачко, се помалку имате идеи, се помалку инспирација. Само мало патување со некоја соседна земја од неколку дена може да биде токму она што ви требало. Наместо листање низ интернетот, една прошетка на ново место, нови знаменитости, запознавање нови луѓе...понекогаш е повеќе од доволно. Дури и посета на еден музеј и една галерија заменува 2-3 месеци „домашна“ инспирација.

Како што слушањето на нов жанр на музика, нов филм...може да биде инспиративно, така и среќавањето за прв со нова средина и култура може да има многу позитивни ефекти. Имам пријателка архитект која секогаш каде и да одиме се воодушевува од архитектурата на новите градови и можеби не веднаш, но по извесно време ќе ми каже дека за некое дело инспирација добила баш од некоја одредена градба. Така е и со дизајнот, тие дози на свежа инспирација кога тогаш ќе го имаат својот ефект.

Carrying-a-Notebook

Секое ново место е потенцијален пазар за вас како фриленсери. Тоа не мора веднаш да значи нови клиенти, но сигурно на почеток значи запознавање на колеги дизајнери, програмери од други земји. Секогаш со вас имајте визит карти, споделувајте ги ако ви се пружи прилика, можеби баш некое друштво во ресторан се идните ваши клиенти. Уште подобро ако е тоа некој веб фест, хај тек саем,  дизајн конференција...го проширува вашиот круг, се повеќе луѓе знаат за вас, а сето тоа се и потенцијални клиенти. Дури и не мора да има никаква поврзаност со вашата професија како фриленсер, може сте отишле на концерт, на фестивал, на шопинг...ефектот може да биде потполно ист.

designer-talking-with-designer

Понекогаш повеќе работа може да направите без никаква опрема и монитори околу вас. Новата средина и патувањето заедно со  стандарден молив и хартија, смарт телефон, музика на слушалици...и сами ќе се изненадите како некои идеи доаѓаат седејќи на клупа или додека пиете кафе во непознат кафе бар. Во оваа фаза ако имате добра идеја, кога ќе отидете дома ви останува само реализацијата на истата.

Затоа доколку имате прилика и сте во можност уште сега резевирајте си го летниот одмор, отидете на место на кое не сте биле до сега.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons