Мај182011

yoga2
Многу е тешко да се дефинира поимот „успешен дизајнер“. За некои тоа е знаење од повеќе области од дизајнот, пример да знае да направи припрема за печат и да знае да направи промени во CSS кодот. За други тоа е да се има осет за бизнис. Трети пак успешноста ја мерат во платата и профитот кој го прават. Јас би рекол дека сите се во право, сето ова и многу повеќе е потребно за да бидете успешни во својата област од дизајнот. Ќе ги сумирам сите и ќе направам листа на 3 најбитни карактеристики кои секој дизајнер мора да ги има, или да ги развива со тек на време за да може да се нарече или уште подобро другите да го наречат дека е успешен.

Да прифаќате критика

critcism2

Ова е прва и можеби „најтешка“ карактеристика, посебно ако сте почетник. На почетокот сите тие критики, посебно негативните за делата ми изгледале толку тешки, дури навредливи. Со текот на времето, и најмногу во сето тоа ми помогна работата со клиенти како фриленсер, сфаќаш дека критиката е токму она што ти треба. Како да се справиш со неа, да го извлечеш позитивното, поука...дури и да научиш нешто од клиентот. Тоа искуство се стекнува само низ работата со повеќе клиенти. Сите тие се различни, со различни барања, и вие едноставно се приспособувате на нивните потреби, и низ тоа учите. Немојте да се врзувате премногу за вашето дело. Вие како единка со вашите чувства сте едно, а делото сосем друго. Така „ударот“ на критиката ќе биде помал, и нема да ја сфаќате лично.

Добра комуникација

lb-image2

Добрата комуникација со клиенти има пресудна улога во вашиот успех и кариера. Уште при првиот состанок со клиент, колку и да имате добри идеи, добра презентација...ако не знаете добро да ја искажете ќе изгубите многу, понекогаш и проект. Секогаш бидете искрени прво со себе а потоа и со клиентот. Бидете самоуверени во вашите излагања. Кратки и јасни, без непотребни „дизајнерски“ термини. Бидете спремни на секакво прашање од клиентот. Зошто баш тие боио, зошто баш тој фонт итн итн. На крај за да видите дали поминало добро ставете се во улогата на клиентот, дали би направиле договор.

Работна навика

apple-mobile-products2

Се додека фриленсингот го сфаќате како нешто дополнително, несериозно...такви ќе бидете и во очите на клиентот и таков ќе биде и вашиот профит. Ако веќе сте решиле да бидете фул тајм фриленсери тогаш и работете фул тајм. Секогаш имајте план и распоред на проектите, состаноци и сл. Најдобро ако работите од дома како да сте во канцеларија, со работно време, со нормални паузи само за кафе и ручек. Доколку вака практикувате да работите со текот на времето фриленсингот ќе биде ваша фул тајм работа.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons