Јун032011

prva_os
Секој човек на планетава, го обожува чуството кога нешто ќе ти подарат, ќе ти го дадат за без пари... Тие „дарители“ во компјутерскиот свет, го прават тоа секој ден, со пишување на десетици линии код, за да го добијат финалниот производ, кој сепак после големиот труд го даваат бесплатно.
Бесплатни програми има многу, но малку се оние кои се навистина добри и кои редовно прават надградби и се подобруваат секоја година. За „мрзливите“ ќе направам една рецензија на неколку добро познати бесплатни апликации за веб и графички дизајнери.

GIMP
gimp

Станува збор, за идеалната замена на Photoshop таканаречениот уредник на слики GIMP (GNU Image Manipulation Program).
Бесплатен е, добар и лесен за користење, има и можност за додавање на додатоци, побрзо ги генерира командите одколку останатите уредници на слики, има Македонска поддршка. Основната причина поради која дизајнерите го мразат е необичниот интерфејс кој ја забавува работата, но се очекува замена за него во поновите верзии.

Inkscape
ink

Замената за Illustrator е тука. Се вика Inkscape, бесплатен е,портабилен, корисен,брз и што е најважно од се, одлично ја завршува работата како векторска програма. Сепак, не може да се мери со неговиот „претпоставен“ – Illustrator.

Blender
blender

Следната апликација е Blender. Многу корисен за 3Д моделаторите/аниматорите, портабилен (со големина од 10мегабајти), работи на чист Python, има воодушевувачки добро дизајниран интерфејс и можност за додавање на додатоци и скрипти.

Notepad++
notplus

Notepad++ се препознава по неговата способност за интегрирање со повеќе програмерски јазици, со обележување на синтаксата, брзиот старт на самата програма, и добриот интерфејс.

Aptana

aptana

Можеби не толку познато, но вредно да се спомне е студиото Aptana кое е наменето за веб-дизајнери кои се навикнати на работа во Dreamweaver. Со неговата едноставност, и брза работа може да се каже дека е достоен на Dreamweaver. Има сличен интерфејс со Netbeans и корисниците на Netbeans ќе се снајдат лесно Нештото што му фали е WYSIWYG едиторот, кој ќе се воведе во 3.0 верзијата.

коментари (2)add comment

Ѓоко said:

0
...
Aptana нема НИКАКВА врска со начинот на работа во Dreamweaver. И воопшто не личи на Netbeans, туку на Eclipse, на чија што платформа и е базиран програмот.
јуни 03, 2011

Георгиј said:

0
...
Благодарам на критиката.

http://www.filebuzz.com/software_screenshot/full/24030-sde_for_netbeans__pe__for_linux.gif
=netbeans
http://www.mathworks.com/help/toolbox/polyspace/cpp_ug/eclipse_editor_features_cpp.gif
=eclipse
P.S спореди ги аптана и нетбинс, аптана и еклипс, и одлучи.
јуни 03, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons