Јун112011

1
Неодамна на македонскиот веб простор се појави еден нов сервис. Можеби сервисот како идеја не е толку нов, но сепак прв од таков тип на нашиот онлајн пазар. Станува збор за Goongula, а нешто повеќе околу идејата и целта на целиот проект од креаторот Александар Пешевски

Прошетајте низ градов и ќе забележите еден куп логoа на фирми, билборди, реклами со несоодветна изведба до крајната цел. Од друга страна, не толку експонирани но сепак креативни моменти произлезени од графити, стрит арт, црно-бели А4 формати од евтини плакати со одлични пораки кои будат фантазија и поттик за креативна реализација. Некаде помеѓу сето ова постои несомнена блокада која ја мегаломанизира некреативноста. Да не се разбереме погрешно, зборувам само за она кое што може да биде на подобро, а го има многу. Не се сомневам дека во Македонија има креативни поединци кои на свој начин се трудат да ги промовираат своите идеи. Од тука е и почетокот за реализацијата на GOONGULA. Да се променат стереотипите за квалитет. Да се разбере дека ако се изработува лого, тоа многу повеќе од пет минути работа. Дека вреди самата идејa, а после и реализацијата на истата. Дека финалниот производ е повеќе од лого, видеоклип или плакат. Креативноста е процес на реализација, временски најдолг кој понатаму се материјализира.

d

Концептуално исти или слични сајтови има многу. Идеjата е иста. Секој кој е доволно креативен и верува во тоа, бара начин да просперира. На goongula има категории за логoа, плакати, визит карти, фотографија, филигран, рачни изработки и многу други. Доколку некоја категорија не е земена во предвид слободно пишете на контактот на GOONGULA. GOONGULA е место на кое се разменуваат и создаваат нови идеи преку постоечки креации. Креативецот не се плаши дека некој од него ќе украде идеjа. На крај на краиштата, кој нема креативност нека го прави тоа, секаде во светот е така. Креативецот секогаш може да создаде нешто ново и оригинално. На GOONGULA се води грижа за такви моменти. Затоа и постои период на одобрување на креација за да биде поставена на сајтот. Креацијата која е копија на претходна, секако дека нема да биде одобрена. Исто така и креацијата без содржина на креативност нема да биде објавена.

t

За реализација на goongula се водев од прашањето “Ако јас имам свој сајт, зошто да поставувам креации на Goongula”. За да дојдам до одговорот, започнав да барам лични веб страни од дизајнери во Македонија. Изгубив многу време за малку резултати. Посакав да има сајт каде ќе ги најдам сите креативци.

Целта на goongula е да ги промовира своите членови на фирмите кои со своите потреби и побарувања се соодветни на категоријата на креативецот. Да го пронајде решението кое го бара или да најде креативец кој ќе го реализира. Секој член на GOONGULA има портфолио страна која може да ја споделува со клиентите. Членовите и посетителите можат да гласаат за креациите кои им се допаѓаат, да коментираат, да ги споделуваат креациите со социјалните мрежи а со тоа се здолемува вредноста на креативецот. Со најдобрите креативци ќе следува и интервју за да може полесно да се промовираат. Од секоја профил страна на членовите на Goongula има и  линк до личната веб страна. Тоа е само уште едена опција за поголема посетеност.

Во Македонија има креативци!  Некои  се дизајнери, некои изработуваат филигран, некои уживаат во street art, tattoo артисти, стрип артисти и најверојатно голем број кој имаат пронајдено поразличен начин на изразување.  Другата цел на GOONGULA е да ја концентрира таа креативна сила на едно место. Да знаат посетителите на сајтот, без разлика дали се потенцијални клиенти или уживатели на оригиналното и квалитетното, да знаат дека тука, на goongula.com има креативни луѓе и квалитет. Секој посетител со пополнување на формата за контакт од профил страната на секој креативец е во директен контакт со креативецот.  Сервисот е бесплатен и достапен за сите заинтересирани.

c

коментари (1)add comment

Bi said:

0
...
Зошто во категориите нема индустриски дизајн? И може ли да се додаде?
Знам дека можда ова не е соодветно место за да прашам, ама каде е тоа место кај што може да прашам? smilies/smiley.gif
јуни 17, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons