Јун132011

prv
Иако за многумина самата работа како фриленсер од дома е одмор, сепак и оваа работа си бара вистински одмор. Предност е што можеме да си земеме одмор кога сакаме, но негативна страна е што тој одмор не ни е платен. Многу често кога ќе се вратите од одмор работата се натрупала, а и стигнале нови сметки и рати за плаќање. Еве неколку кратки совети како најдобро да го искористите одморот а сепак да останете продуктивни.

Добра подготовка

Прво најбитно да ги известите клиентите, барем оние поголемите и за оние кои почесто работите. Ако треба сработувајте ги работите и пред времено, само за да немате обврски додека сте на одмор. Понекогаш тие една до две недели одмор може да значи и губење на клиент.

10-freedom

Не оставајте аuto-responder

Оваа форма е стандардна за скоро секој вработен, но мој совет како фриленсери да не ја практивувате. Во очите на клиентот може да остави лоша слика посебно ако претходно не сте го известиле. Затоа многу подобро да одговорите на барањата, т.е. дека сте на одмор и кога би можеле да почнете со работа.

Опрема

Потрудете се со вас да го носите лаптопот, некој нетбук, смартфон или ако и тоа не сакате, имајте секогаш тетратка и молив со себе. Одморот е секогаш време за релаксација, а кога сме опуштени доаѓаат најдобрите идеи.

self-confidence

Итна работа

Во зависност од договорот што го имате со клиентот, кој најчесто е дека работите за време на одмор само во итни ситуации, секогаш бидете подготвени за тоа. Ако веб сајтот клиентот не функционира, а е од таква природа да со тоа губи пари, секогаш имајте со себе мобилен интернет или вифи за брзо да ги средите ваквите непредвидливи ситуации.

За крај, уживајте!

За крај опуштете се и уживајте бидејќи сте заслужиле, без разлика дали се 5 или 15 дена тоа  ви е потребно за да може да продолжите освежени и одморени.

коментари (0)add comment

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons