Јул012011

rodenden
Блогот ДЕЗЕН.мк денес прави еден мал јубилеј, т.е. една година постоење. Официјално на 1ви јули минатата година на македонскиот онлајн простор свое место завзема и ДЕЗЕН.мк. Прв блог од ваков вид во Македонија, кој покрај темите како дизајн, графика, веб, инспирација...најголем дел посвети на фриленсингот. Првиот роденден и првата година се секогаш важни, затоа и ќе посветиме повеќе внимание.

Се започна минатата година кога дадов отказ и одлучив да се бавам исклучиво со фул тајм фриленсинг и прво што размислував како да ги искажам своите ставови, размислувања и искуства а тоа да не биде само твитер, фејсбук или слични друштвени медиуми. Нормално прво на што помислив е блог. Но, каков блог, која платформа...? Требаше малку време да најдам свое ниче за пишување. После кратко мое истражување видов дека фриленсингот воопшто не е покриен кај нас. Не постои никаква веб страна или блог кој е специјализиран за таа тематика. И одговорот беше јасен :) На почеток беше повеќе од затворен тип, само за некои блиски пријатели, колеги, дизајнери...и без никакви реклами, само со споделување за кратко време добив доста позитивни критики и со тоа посетеноста расте секојдневно до ден денес.

Со овој пост не сакам да давам статистики, бројки, факти и сл. тоа ќе го направам преку инфографик многу наскоро, туку сакам да го искористам јубилејот да споделам корисни совети од мое лично искуство за сите кои имаат блог или планираат да имаат. На кратко да кажам и споделам што научив за една година активно постирање и одржување на ДЕЗЕН.мк

post_200

1. Кратки постови

Ова го увидов можеби малку подоцна, некаде на почетокот на оваа година. Најголем дел од читателите сакаат кратки и јасни постови.  Добро средени и полни со информации. Темата да биде концизна без да се шири непотребно. Не ретко постовите за секцијата фриленсинг ми биле навистина долги, но пред објавување секогаш ги поедноставував и групирав понекогаш и на повеќе последователни постови. Така ем читателот брзо и лесно доаѓа до информации и учи нешто повеќе, ем доколку му се допаѓа напишаното сигурно ќе сака да го дочита и продолжението.

2. Споделување

Сите знаеме дека денес скоро и да не постои веб страна ако до секој наслов или пост не постојат линкови за споделување. Се разбира на прво место се фејсбук и твитер. И денес скоро половина од посетите на ДЕЗЕН.мк доаѓаат токму од таквите референтни сајтови. Со тоа се зголемува посетеноста на самиот сајт и нормално бројот на оние кои повторно и повторно се навраќаат.

3. Оптимизација

На почеток ја занемарував моќта на SEO, бев повеќе посветен на тоа често да има објави на нови постови. Со тек на време увидов, а и самиот Google Analytics покажа дека понекогаш тие неколку тагови се клучни за тоа како посетителот дошол до самиот сајт. Колку повеќе се посветува на тоа колку и кои зборови се употребуваат во самиот пост, толку повеќе на крај може да се добие.

4. Комуникација

Секогаш трудете да одговарате на коментарите и критиките на секој ваш читател. Таа комуникација дава до знаење дека навистина позади некој блог стои уредник кој се грижи и после објавувањето на постот. Не е доволно само да се објави и сподели, важно е и да се комуницира, да се отвори дискусија, да се одговори на некоја прашање, критика, да се даде совет и сл.

5. Време

Научив дека за добар пост е потребно време, понекогаш и неколку дена размислување и средување, собирање информации, што по дифолт никој фриленсер го нема. Дури ми изгледаше дека тоа е безполесно бидејќи како време никој не ви го плаќа. Се додека не открив дека всушност сето ова е себе промоција и токму преку ДЕЗЕН.мк добив клиенти за кои работам до ден денес. Поддршката и пофалните зборови кои ги добивам секојдневно се стимул повеќе и во иднина да посветувам време и енергија. 

9-have-fun

Планови за во иднина

На ДЕЗЕН.мк веќе постојат 20 тина фриленсери од повеќе области кои бесплатно имаат свој банер. Тоа ќе продолжи и во иднина со уште повеќе фриленсери и конечно да се направи финална листа која сите ќе ја имаме за соработка.
Веќе имаше десетина гостински постови на луѓе, фриленсери, дизајнери...кои сакаа да објават нешто свое. Имаше навистина интересни постови. Тој број и понатаму ќе се зголемува и секој што ќе изрази желба и има квалитет ќе може да пишува за ДЕЗЕН.мк. Тие што ќе се покажат како најдобри за својот труд ќе добиваат и хонорар. Темите се флексибилни и секогаш има простор за нови содржини.
За таа цел ќе се отвори блогот за надворешни банери и реклами. Веќе пројавија интерес неколку печатници. Таа стратегија што се однесува на маркетингот е веќе во крајна фаза на изработка.
Платформата сигурно ќе се смени, веќе скечирам некои нови дизајни кои би требало во текот на летото или најкасно есента да се имплементираат.
Логото имаше успешен редизајн, но ќе се менува пак со сигурност, но овојпат ќе биде преку натпревар каде сите дизајнери и читатели на ДЕЗЕН.мк ќе може да учествуваат.

Тоа би било на кратко, секаква критика и ваше мислење за оваа измината прва година но и за во иднина е добредојдена.

 

коментари (13)add comment

Александар Пешевски said:

0
...
Да ти се множат постовите и големо да порасне!
јули 01, 2011

dani_janev said:

0
...
фала, ќе го „раснам“ smilies/smiley.gif
јули 01, 2011

Georgij Golaboski said:

0
...
Честито годишнина!! smilies/cheesy.gif
јули 01, 2011

Aleksandar Tasevski said:

0
...
Среќен роденден smilies/smiley.gif
јули 01, 2011

dani_janev said:

0
...
фала, ценим пуно посебно од редовни посетители smilies/smiley.gif
јули 01, 2011

Александар Pipelin said:

0
...
Среќен прв роденден и да дочекаме многу родендени во иднина smilies/smiley.gif.
јули 01, 2011

Stariot said:

0
...
Честитки! smilies/smiley.gif
јули 01, 2011

Иван Петровски said:

0
...
Среќен роденден продолжи само така, одлични постови. smilies/smiley.gif
јули 01, 2011

Daniel Janev said:

0
...
Фала уште еднаш на честитките,токму ваквите коментари се поттик за понатаму smilies/smiley.gif
јули 01, 2011

dasaf said:

0
...
Честитки! Честитки!
Не е проблем да се честита роденден и после 2-3 дена, нели? smilies/smiley.gif
јули 05, 2011

janev said:

0
...
ма не, само поголем поклон треба smilies/smiley.gif
јули 05, 2011

Dushan said:

0
...
Честито!!!
јули 07, 2011

ribaro said:

0
...
Честито годишница! ако забаено, да не е забораено
јули 10, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2016. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons