Јул052011

prva_cl
Да се биде фриленсер графички дизајнер воопшто не е лесно. Да се биде фриленсер графички дизајнер во Македонија...е тоа е веќе поим сам по себе :)
Сигурно во вашата кариера и работа до сега сте имале безброј ситуации каде македонските клиенти ве оставиле без коментар или едноставно да помислите во себе „ова не е можно“
Но, таквите ситуации во тој момент може ни изгледаат губење време и пари, за подоцна да сфатиме дека преку искуството со тие клиенти сега полесно се снаоѓате.
Ќе се обидам на кратко да споделам неколку интересни и најчести барања и изјави типични генерално за сите потенцијални клиенти, но најмногу за домашните.

Обично кога на прашањето што работиш ќе одговорите графички дизајнер, следуваат неколку навидум лесни „барања“:

„имам едно лого дали ќе може да го досредиш набрзинка, за тебе е тоа 15 минути работа„

„имам кафич/ресторан или сум диџеј/група дали ќе може да ми направиш еден постер за промоција, еве ќе ти дадам гратис влезница„

„имам еден роднина, многу е талентиран, дали ќе може да работи со тебе„

„тебе те бива сигурно за компјутери, ќе сакаш да го ѕирнеш нешто споро ми работи„

На состанок со веќе потенцијалниот клиент, и после првите пратени решенија и драфт дизајни

„се изгледа супер, само смени го логото, фонтот,позадината, фотографиите...„

„логото зголеми го едно 5 пати„

„најдов подобри слики (обично од гугл) дали ќе може да ги зголемиш за на билборд“

„и јас сум уметник, само немам време и не знам да работам на компјутер„

„боиве не и допаѓаат на жена ми„

„ти требаа две недели за ова лого?!“

„дали може да ми покажеш како го дизајнираше или да ми пратиш работен фајл„

„ќе имам работа за тебе може цела година, ама ќе може да ти платам после една година ако успее бизнис планот“

„скоро се е направено, ти треба само да уклучиш компјутер и да снимаш„

„зошто не користиш Ариал фонт, тој ти е најдобар„

Ако кажете само „дизајнер“ следува лепеза на „понуди“ :)

„дали може да ми ја дизајнираш спалната за новиот стан„

„дали ќе може да ми направиш дизајн на фустан следната недела сум на свадба„

Знам дека фалат уште многу ситуации и барања, затоа оставив простор да ја надополните низата со коментатри подолу.

Ако сакате да прочитате повеќе слични ситуации clientsfromhell е дефинитвно една од најдобрата база на дизајнер клиент (не)прилики.

За крај погледнете едно кратко видео за тоа како би изгледале барањата на клиент во секојдневни ситуации.

коментари (15)add comment

ilija said:

0
...
Ne znam zosto voopsto rabotis so mak klienti...
јули 05, 2011

Viktor said:

0
...
Sekade ima neinformirani klienti no nashive se krajno naporni i bezobrazni.
јули 05, 2011

tehnog said:

0
...
Постов=најреална слика за Мак. клиенти.
јули 05, 2011

Дана said:

0
...
Првата работа што треба да се направи со нов клиент е да му кажеш дека ти е задоволство што ќе работиш со него (интелигентен, прошетан, разбран...), а не како оние другите кои мислат дека сé знаат... Потоа му дозволуваш да каже нешто (обично е ДА, в право си) или не се враќа (што е пак добро, не ти го потрошил времето, без пари) smilies/smiley.gif
И весниците почнале да се печатат дури откако луѓето се описмениле smilies/smiley.gif
И не е точно дека надвор од Македонија сите се паметни smilies/smiley.gif Ама има закони (не може да не платиш), има синдикална заштита (не може секоја шуша да биде дизајнер), не може на компјутерот и опремата на тато на работа (секој производ е подпишан со сериски број на софтверот во кој е изработен)...
јули 05, 2011

Rihan said:

0
...
Други барања:
1. Се изгледа супер.. само да пробаше и ова малце поголемо, или со друга боја..
2. Ако продолжиш вака, ќе работиме заедно во иднина.. освен мене ќе ти најдам и други клиенти.. само за мене ќе треба да работиш поевтино, или гратис..
3. Чим работиш на компјутер.. ај ако може да ми вратиш еден ханат фејсбук профил, или заборавен пасворд.
И да се разбира ако работел пред тебе со други ќе ти ги пцуе сите пред тебе..
јули 05, 2011

Иван Петровски said:

0
...
1. Одлично е, само ако може малце да го осветлиш/затемниш. Праќаш ист фајл (не е затемнето/осветлено) по некое време и ти вика, е сега е добро.

2. Ќе ни треба за брзо време, сигурни сме дека можеш да завршиш за 2 до 3 дена.

3. Ти испративме некои слики за тоа што зборувавме вчера (постер), па ако можеш вметни ги некако да ги има на постерот. (испратено слика од гугл 20x20 пиксели.) И покрај тоа што ги убедуваш дека не е возможно да се вметне таа слика тие те убедуваат дека може..

4. Па лесна е таа работа. - Ако е лесна сами нека ја завршат smilies/smiley.gif
јули 05, 2011

dalibor said:

0
...
zboruvas so klient, koga vo prostorijata vleguva treta licnost, go razgleduva portfolioto i ti vika: lele kakvi seeee.. vo koja programa gi pravis? -Vo Photoshop / Illustrator... -Lele kako mozes vaka da gi napravis? -(Se vmesuva klientot)-Abe pak i ti, Lesno e, procepkaj po onie alatkine odma ce naucis... :SSSSSSSSSSSS
јули 05, 2011

janev said:

0
...
@ilija да можам да бирам би работел само за странци, но сепак тука живеам и на нашите барања давам понуди.
@Дана потполни се слагам
@Rihan последната реченица е стандардна македонска приказна
@Иван Петровски првата ситуација е топ, ја обично им велам да го погледнат на друг монитор
@dalibor ова ми се нема случено директно, но можам да замислам
јули 05, 2011

Михаела said:

0
...
Ова го има и надвор од Македонија, само мој впечаток е (според контактите со некои дизајнери надвор од мк) дека таму таквите клиенти се сепак малцинство, а овдека се...(речиси) сите такви.
За тукашните клиенти, дизајнер=извршител на нивните првични/површни замисли. И ништо друго. (нормално, и тоа за 2-3 дена пошто за нив тоа е само црткање, а ако им спомнеш концепт ти викаат не троши време на тоа - они знаат точно што им треба!).

А за плаќање да не зборам, омилена фраза ми е: можеш ли да ми ПОМОГНЕШ малку околу ова.. Со други зборови, работи про-боно.
Тоа важи и за ентериери и архитектура (како што е веќе кажано во постот).
Фрустрирачки, но верувам дека и тоа ќе се смени, кога тогаш барем дел од нив ќе научат која е работата на дизајнерот.
јули 16, 2011

Михаела said:

0
...
Ова го има и надвор од Македонија, само мој впечаток е (според контактите со некои дизајнери надвор од мк) дека таму таквите клиенти се сепак малцинство, а овдека се...(речиси) сите такви.
За тукашните клиенти, дизајнер=извршител на нивните првични/површни замисли. И ништо друго. (нормално, и тоа за 2-3 дена пошто за нив тоа е само црткање, а ако им спомнеш концепт ти викаат не троши време на тоа - они знаат точно што им треба!).

А за плаќање да не зборам, омилена фраза ми е: можеш ли да ми ПОМОГНЕШ малку околу ова.. Со други зборови, работи про-боно.
Тоа важи и за ентериери и архитектура (како што е веќе кажано во постот).
Фрустрирачки, но верувам дека и тоа ќе се смени, кога тогаш барем дел од нив ќе научат која е работата на дизајнерот.
јули 16, 2011

Апаш said:

0
...
А најдобро од се е кога им изработуваш веб страна, и сеа нормално мора некое текстче, увод ти реков ми рече, и ги прашуваш:" Што да пишува тука?" и најчест одговор ти е напиши нешто по твое ти го работиш тоа знаеш што треба да пишува..... Е арно ама после некое време им покажуваш што си напишал и оп..... Ама знаеш супер тоа ама дај смени малце тука на почеток, малце во средината и уште крајот малку да го смениме..... smilies/smiley.gif
јули 23, 2011

Gjorgji said:

0
...
Додека не ги научиме на ред, нема да се промени ништо....
Работам како веб девелопер, а за во слободно време земам за одржување (или редизајн) на сајтови кои некој ги направил еднаш,
ги земал парите и луѓето не го виделе повеќе. Баш поради такво нешто се нафатив за редизајн на сајтот на една сериозна компанија овде кај нас.
Со оглед на тоа што целата комуникација одеше преку менаџерот за маркетинг (и нивниот графички дизајнер) мислев дека работам со човек кој си ја знае работата. За дизајнерот секоја чест
меѓутоа, менаџерот, само по себе незнаеше што бара, како треба да изгледа, а уште помалку знаеше што сака да каже... Еве дел од комуникацијата кога голем дел од сајтот беше готов:
"slikata sto treba da bide imidz na pocetnata promenija so imidzot koj ti go prakam", "pocetnata strana ne e kako sto se dogovorivme, a toa e 45% od celiot sajt"
"Te molam promeni ja fotografijata od glavnoto meni кај ?????? (??????? kje ti pomogne okolu instrukciite za postavuvanje na pravilen imidz)"
(на почетната страна има мени, огромна слика и футер, како ги пресмета тие 45% не ми е јасно). Тоа што останатиот дел од сајтот е динамички, преземања од база, записи во база, динамичко преземање на слики
тоа не е воопшто важно, најважно е сликата што треба да биде imidz да се промени) Што е најжално?! На никого неможеш да докажеш дека позадината и останатиот дел од сајтот е многу поважен (за сега) отколку сликата
на почетната страна само поради тоа што маркетинг менаџерот рекол дека тоа не е готово ни 10% и е толку едноставно што може да се направи за 10 дена. (менаџерот е (најверојатно) дипломиран економист)
Немам повеќе коментар! Ако го објавите ова фала што ги прочитавте овие неколку реда додека ги лечев фрустрациите врз тастатурата...
август 12, 2011

Ристо said:

0
...
100% точно
ноември 22, 2011

Janevski Gjorgji said:

0
...
Kaj klientot fali uste edna karika za komunikacija, koja ke e zadolzena za izlgedot na kampanjata, logoto, brendot kako ke se reklamira....covek koj ke se grizi za site add commercial promo BB kampanji i ke znae sto saka, a negovata firma ke ima doverba vo negovite marketing sposobnosti. Samo vo toj sluchaj komunikacijata i baranjata se na mesto.

Kaj nas eden e i gazda i smetkovoditel i dizajner i marketing menadzer i sve znae....!
toa se 99% od firmite.

Zatoa e celiov ovoj post muabet i sve ostalo...ajde imam rabota treba da prepravam poster
so sledniov komentar: " trgni go krugot dole mnogu e golem " !!!!
ноември 23, 2011

Ira said:

0
...
Јас работам како графички дизајнер веќе 20 години. Се изнасмеав на горниве коментари - сите до еден се точни. За жал, во Македонија не може да се живее од графички дизајн. Воглавно, причината е што тоа е вид на услуга во служба на индустријата за широка потрошувачка, а кај нас таква индустрија нема, па стануваме услуга на услугите...
декември 25, 2011

Пратете коментар
намали | зголеми

busy

Copyright 2017. Сите права задржани, дозволено преземање материјали под одредени услови Creative Commons